„Мислам дека треба да им објасниме на младите кои се придобивките што ги имаме од Охридскиот договор. Знаете дека преку еднакво општество за сите, имаме корист сите, и денес, после 21 година државата се грижи за заедниците кои живеат во државата, и сите заедници станаа еднакви бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја, заеднички се грижиме за безбедноста и евроатлантската перспектива, изјави првиот вицепремиер Артан Груби во својот говор на “Peace Forum Dialogue”, по повод годишнината на потпишувањето на Охридскиот договор.
Првиот вицепремиер нагласи дека денеска сме членка на НАТО, а минатиот месец почнавме преговори за членство во Европската Унија.
Груби истакна дека земјава доби кандидатски статус за Европската Унија токму по потпишувањето на Охридскиот договор, и денес сме во 2022 година каде министрите Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и Босанци се борат за нашата земја да ја видат приклучена во Европската Унија. И заедно, преку организирање на вакви настани, подобро да ги покажеме и разјасниме придобивките што државата и општеството ги имаат од Охридскиот договор.
Затоа се собравме деновиве овде, заедно да го споделиме искуството, да научиме и да го споделиме истото со пријателите. Решивме Школата за млади лидери”Peace Forum Dialogue” и „Peace Festival“ да се организираат заедно за во иднина да станат традиционални настани, а веќе од следната година очекуваме да биде нешто уште поголемо, посочи Груби.
Првиот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во својот денешен говор пред присутните на “Peace Forum Dialogue”, по повод годишнината на потпишувањето на Охридскиот договор изјави дека му е многу драго што одлучиле да учествувате во оваа школа и изрази благодарност до сите учесници и предавачи кои беа дел од ова училиште“.
Мојот став и ставот на Vlадата е дека нема алтернатива за членството во ЕУ, и дека тој придонес треба да го дадат сите заедници во Северна Македонија, треба да се разговара за тоа кои пратеници од опозицијата ќе гласаат за уставните измени, а такви има, не за дневно политички теми како што е референдумот, за одржување во политички живот на одредени актери, изјави Груби одговарајќи на новинарско прашање за барањето на опозицијата за референдум.
Тој истакна дека нема нови барања од Бугарија , освен тоа што сме го постигнале со добрососескиот договор и со документот ѓто го потпиша министерот Османи пред неколку недели, и увери дека ништо лошо нема да им се случи на сограѓаните Македонци во однос на јазикот, идентитетот, историјата, кулурата.
Подготви: Д.Тахири