Финализирање на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и тема за дебата во Собранието е препораката на Самуел Жбогар, шефот на Делегацијата во ЕУ.
Тој додаде дека очекувањата на Европската унија се договорот да се потпише во август, а добрососедските односи на Макеоднија со земијте-членки на ЕУ да продолжат во иста насока, со што се зголемува и нивната поддршка.
„Колку посилни односи имате со соседите и со земјите-членки на Унијата, толку повеќе ќе имате пријатели кои силно ќе притискаат за вашата интергација во ЕУ“, изјави Жбогар за медиумите.
Договорот за меѓусоседство треба да се потпише на 2 август, за кога е најавен и форумот на НАТО во Црна Гора на кој се очекува да присуствува и македонска делегација.