• Latest

Жените маршираа за економска, политичка и социјална рамноправност

March 8, 2022

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Жените маршираа за економска, политичка и социјална рамноправност

March 8, 2022 15:59
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост, донесување на Закон за родова еднаквост, воведување функционални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките и постапување со должно внимание со жртвите на родово базирано насилство од страна на институциите побараа денеска активистките за женските права кои попладнево маршираа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, оваа година под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.

Според Бојaна Јовановска од Платформа за родова еднаквост, овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена и одржувана од системот, а продлабочена како резултат од двегодишната пандемија на Ковид-19 и нејзините последици.  

-Жените беа и се уште се во првите редови во давање одговор на кризата како здравствени работнички и негувателки во домот, наставнички, хигиеничарки, продавачки. Но, истовремено претставуваат и најголем дел од работниците кои беа и се најмногу изложени на вирусот Ковид -19, но и на негативните социјални и економски последици кои тој ги предизвика. Иако сочинуваат половина од населението, жените во Северна Македонија не учествуваат подеднакво во носењето на одлуки, посочи Јовановска на денешниот марш.

Отсуството на политики, стратешки документи и механизми кои го поддржуваат унапредувањето на родовата еднаквост и правата на жените, според Јовановска, значи дека институциите дозволуваат системска дискриминација и насилство.

Собранието, како што напомена, е единственото место каде преку родовата квота, застапеноста на жените бележи зголемување, но, како што посочи, со распуштање на Собранието пред пандемијата придонесе жените да бидат отсутни од процесите на носење одлуки и родово сензитивни мерки за справување со кризата.

Според Јованоска, локалните избори беа уште еден пораз за жените кои во наредните четири години повторно ќе бидат исклучени од процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

Денеска, како што појасни, протестираат за сите текстилни работнички кои останаа без работа, за жените од руралните средини кои останаа без јавен транспорт и пристап до здравствени услуги, за жените со попреченост кои дополнителната непристапност ги направи уште поневидливи. За жените Ромки кои останаа без и онака ниско платена работа, за жените кои немаат пристап за репродуктивно здравје кои ги води кон уште поголема сиромаштија.  

-Денес го креваме гласот на сите жени кои ја вршат неплатената домашна работа, за економските зависните и загрозени жени кои не можат да си обезбедат прехранбени продукти, за жените кои немаат ништо на свое име, за жените кои еднакво учествуваат во плаќање на даноци, но не можат да си дозволат основни средства за одржување на менструална хигиена, додаде Јовановска.

Исто така, како што рече, протестираат за жените кои доживуваат насилство во своите домови, на улиците и во онлајн просторот. За жените жртви на насилство по чии пријави не се постапуваше, за самохраните мајки кои беа принудени да ги напуштат своите работни места заради затворање на градинките и училиштата, за жените сопственички на мали бизниси кои беа принудени истите да ги затворат, за преморените здравствени работнички, за сите жени кои ги загубија своите животи во битката со Ковид -19 заради недостиг на здравствени услуги.  

Од Платформата за родова еднаквост бараат усвојување на ефективни политики и мерки за справување со последиците од Ковид -19 кои ќе вклучат родова перспектива и ќе ги земат предвид потребите на различни категории на маргинализирани и ранливи жени.  

Бараат и зголемено учество на жените во работните групи кои ги подготвуваат и спроведуваат мерките за одговор на состојбата со Ковид -19 и економската криза.  Бараат буџет и економски политики за луѓе, а не за бизниси и партии.

Бараат функциониални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките, поголемо учество на жените на позициите на носење одлуки преку воведување квоти кои предвидуваат најмалку 40 проценти учество на жените за секое ниво на власт.  

-Бараме итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост и донесување на Закон за родова еднаквост. Бараме итно усвојување на новиот Закон за работни односи кој предвидува заштита за работничките кои работат со договори на определено време, без формални договори за вработување, самовработените жени и жените кои вршат неплатена работа. Бараме закон кој предвидува мајчинско, татковско и родителско отсуство, како и право на флексибилен работен ангажман поради обврски за рана грижа за деца и други лица, рече Јовановска.

Од Платформата бараат итно донесување на Законот за мобинг, но и креирање и имплементација на нови мерки за вработување кои им се достапни и ги земаат предвид спецификите на сите маргинализирани групи на жени, особено Ромките, жените со попреченост, жените жртви на насилство, како и самохраните мајки.

-Бараме итно усогласување на политиките и законите со Истанбулската конвенција и Резолуцијата 1325. Бараме итно усвојување на амандманите на Кривичниот законик и негова хармонизација со Истанбулската конвенција и сеопфатна заштита на жените од насилство. Бараме институциите конечно да постапуваат со должно вниманир со жртвите на родово базирано насилство,  додаде Јовановска.

Овој 8 Март, како што рече, протестираат против системски овозможената сиромаштија која има женско лице.

Жените Ромки од здружението „Иницијатива за правата на жените“ од Шуто Оризари

На денешниот Марш за женските права се приклучија и жените Ромки. Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари беше дел од маршот ,,Сиромаштијата има женско лице”.

Денеска активистките од Иницијативата му подарија симболично цвеќе и транспарент на министерот за здравство и го потсетија дека Шуто Оризари се уште Е БЕЗ ГИНЕКОЛОГ!!!
На маршот, со транспаренти: „Шуто Оризари заслужува матичен гинеколог“,„Ти заслужуваш“,  „Ромката заслужува среќен 8 март“, „Одговорност за ромска јавна соба“, тие ги истакнаа најгорливите барања на својата заедница за кои се борат со децении.
Д.М.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ