• Latest
Фото: Wikimedia commons

Жижек: Русија опасно се приближува до нова верзија на нацизмот

January 5, 2023
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Жижек: Русија опасно се приближува до нова верзија на нацизмот

Достоевски беше, колку што знам, првиот што ја формулираше оваа идеја за Русија како вечна жртва на Европа.

January 5, 2023 12:58
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Со наслов „Денацификацијата треба да започне дома, во Русија“, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), словенечкиот филозоф Славој Жижек ја коментира актуелната руска агресија врз Украина во широк геополитички контекст, состојбите со демократијата во Европа, можните идни сценарија за развој на состојбите, реорганизирање на левите и десните, ситуацијата на северот од Косово. Тој прави аналогија на германскиот нацизам и руската агресија, ги коментира корените на потребата од руски империјализам.

Контроверзниот „ентертејмент“ филозоф како што многумина го нарекуваат, во ова интервју  разговараше со Важ Тавбериџе од грузискиот сервис на РСЕ. Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто.

По академската филозофска кариера во 1970-тите и 1980-тите, Славој Жижек почнал да пишува на англиски јазик, објавувајќи го, неговото ремек-дело, „Возвишениот објект на идеологијата“.

Магазинот „Форин полиси“ го нарече „селебрити филозоф “. Жижек е познат по хаотичното излагање, и контроверзната реторика. Иако претходно се идентификуваше како комунист, тој рече дека ќе гласа за Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година.

Жижек моментално е меѓународен директор на Институтот за хуманитарни науки Биркбек на Универзитетот во Лондон. .

РСЕ: Пред да зборуваме за Украина и војната, би сакал да ве прашам за Русија. Дали Русија сè уште е империја? Или тоа е остатокот од империјата? Или тоа е земја која би сакала да биде империја?

Славој Жижек: Тоа е многу интересно прашање. Мислам дека таа би сакала да биде империја, но мислам дека „потеклото на злото“ е и начинот на кој Западот реагираше на распадот на Советскиот Сојуз.

Патем, јас сум тотално против Путин. Она што сакам да го кажам е дека, во текот на 1990-тите, во ерата (на рускиот претседател Борис Елцин), премолчениот договор меѓу Русија и Западот беше дека Русија беше формално призната како суперсила, под услов таа всушност да не се однесува како таква. Беше како, ние ве третираме како велесила, но да бидеме реални, вие не сте велесила, а потоа Путин го прекрши тоа правило. Исто така, мислам дека начинот на кој Западот влијаеше на економијата во Русија во 1990-тите не беше многу конструктивен во услови на економски пад во годините на Елцин. Економскиот пад, недовербата во демократијата, корупцијата, сето тоа му создаде услови на Путин. Но, не правете грешка, Путин е глобална катастрофа. Но, ние, Западот, не сме без грев.

РСЕ: Каде завршуваат империјалните амбиции на Русија? И што значат тие? Дали е тоа Советскиот Сојуз? Дали е тоа Русија од времето на Петар Велики? Каде ги повлекуваме линијата и границите?

Жижек: Како што е случајот со сите царски сили, тие самите веројатно немаат прецизен план. Тие само продолжуваат да се обидуваат да туркаат и понатаму. Во случајот со Украина го наведоа руското малцинство, но дали се сеќавате на кратката војна во Грузија?

РСЕ: Јас сум од Грузија, па морам да се сеќавам на него.

Жижек: Русија во војната го зазеде јужниот дел на Осетија. Но, жителите на Осетија не се руско малцинство… Некои луѓе тврдат дека сета таа голема империјалистичка реторика и таа идеја за рускиот трет пат, сите тие фантазии на Дугин (Александар Дугин, ултрадесничарски идеолог со врски со Кремљ, оп. ед.) се само реторика, а во реалноста Русија тој само сака да приграби некоја територија во Украина. За жал, не верувам во тоа.

Како левичар марксист, мислам дека реториката никогаш не е само празни зборови. Идеологијата е застрашувачка материјална сила; Не ја потценувајте… О, тие само зборуваат… Но, тоа што го велат е страшно. Знаете дека Путин во еден од неговите говори не ги вклучи само балтичките земји, туку и Финска, а во некои назнаки дури и Шведска.

Ситуацијата на северот на Косово-новите десничарски популисти на Западот

Она што ме загрижува е ситуацијата во Босна и Херцеговина и на северот на Косово. Како што истакнав во моите написи, некои политичари од Србија веќе зборуваат на јазикот на Путин, тврдејќи дека и Косово треба да се денацизира. И сега идеологијата се приближува кон лудилото. Дали забележавте дека сега не зборуваат само за денацификација, туку и за десатанизација? Путин е прогласен за главен егзорцист, не само на Украина, туку и на цела Западна Европа. И тука, според мене, работите стануваат многу загрижувачки.
Забележавте ли во последната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, но веќе претходно, силниот отпор на екстремната десница, некои поддржувачи на Трамп итн., таа длабока солидарност на новите десничарски популисти на Западот со Путин .

Никогаш не треба да заборавиме, иако сум против секаков вид расистички евроцентризам, дека Европа денес е нешто уникатно. Тоа го велам како левичар, Боже мој! Визија на корпорација на држави во глобална вонредна состојба заснована на социјалдемократски вредности, дури и кога конзервативците се на власт, глобално здравствено осигурување, солидарност, бесплатно образование итн.

Дали забележавте како Европа ги нервира сите? Од левичарите во Латинска Америка до американските десничари до Русите и лажните антиколонисти од третиот свет…
Сега ќе се обидам да бидам што е можно поотворен во разбирањето на руската позиција. Да, има некои неофашистички тенденции во Европа овде и таму. Многу добро ја знам ситуацијата во Украина и (неонацизмот) е маргинален.

Но, сега ќе направам разлика меѓу фашизам и нацизам. Фашизмот е страшен. Но запомнете, режими како Мусолини (Бенито Мусолини, италијански фашистички диктатор) до 1938 година, португалскиот диктатор Антонио де Оливеира Салазар и шпанскиот диктатор Франциско Франко. Тие не беа толку експлозивен, скап фашизам. Тие само се обидуваа да го одржат редот во нивните земји, додека нацизмот беше нешто друго. На Хитлер му требаше таа војна, постојани тензии… Значи, се согласувам со целта за денацификација, но мислам дека треба да почне дома, во Русија. Во Русија опасно се приближуваат до нова верзија на нацизмот.

РСЕ: Кога сме веќе кај идеологијата, да ве прашам следново – кога зборуваме за империјалистички менталитет, дали е само Путин? Или империјата е нешто вкоренето во руската потсвест?

Жижек: Интересно прашање. Многу пријатели на Русија и обожаватели на руската култура сакаат да кажат: „Ох, тоа е само сегашната елита, Путин итн. Не треба да се меша со руската култура“.

Мислам дека секогаш беше многу покомплексно. Во една гранка, еден правец на руската култура се вградени овие империјални амбиции. На пример, и знам за што зборувам кога го кажувам тоа затоа што мислам дека неговата опасност е многу потценета и тој е преценет како писател – Фјодор Достоевски. Достоевски беше, колку што знам, првиот што ја формулираше оваа идеја за Русија како вечна жртва на Европа.

Извор: НоваТВ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: империјализамнацизамРусијаСлавој Жижек
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ