• Latest

Зибери: Ковид-19 негативно влијаеше врз правата на граѓаните

June 30, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Зибери: Ковид-19 негативно влијаеше врз правата на граѓаните

June 30, 2021 12:37
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-19 ги наруши речиси сите текови во општествениот живот, а посебно негативно влијаеше врз слободите и правата на граѓаните, изјави народниот правобранител Насер Зибери, на денешната презентација на Извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2021 година, пренесува Слободен Печат.

Според него, на удар пред се најдоа ранливите категории, како што се децата, децата со попреченост, лицата под социјален ризик, како и една сериозна бројка на популацијата од ромското население.

– Во овој период, особено во време на прогласувањето на вонредната состојба, посебно проблеми се појавија по однос на семејното насилство и од едно истражување изнесовме сериозни податоци за тоа како прогресивно расте семејното насилство во ефективна вонредна состојба, полициски час и тн, изјави Зибери.

Тој нагласи дека годината која е зад нас ни даде поука за понатамошно дејствување на институција народен правобранител, но и на другите чинители.

– Затоа и нашите препораки во Годишниот извештај одат во таа насока како да го подигнеме квалитетот на заштитата и унапредувањето на човековите права слободи и права, а поготово во призма на овие дефекти кој ни се појавија и исфрлија на површина со ранливите категории, со семејното насилство, со состојбите во затворите и другите сегменти кој навистина бараат посебно внимание од институцијата Народен правобранител, рече Зибери.

Мерките кој одат во заштита на здравјето на граѓаните, како што истакна омбудсманот Зибери, често пати детерминира поинакво дејствување на институциите, многу институции беа полузатворени, полуотворени, пристапот до правда беше ограничен и се разбира капацитетите на институциите беа лимитирани и не можеа да бидат на ниво на потребите на граѓаните. Народниот правобранител има констатирано низа слабости во институциите и во преземањето на мерки кој одат во насока на подигнување на квалитетот на заштита.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, од своја страна, истакна дека човековите права за Владата се извонредно важни како тема и како политика.

– Владата со должно внимание пристапува кон секој извештај кој што укажува и на напредокот, но и на недостатоците во нашиот систем поврзани со заштита на човековите права и нивно унапредување, без разлика дали се работи за Извештај на ЕК, извештаите на меѓународните невладини организации, извештаите на Стејт департментот, извештаите и укажувања на Народниот правобранител, како наша домашна институција надлежна за заштита и унапредување на човековите права, изјави Маричиќ.

Според министерот Маричиќ, сите тие извештаи Владата ги прифаќа со внимание, ги гледа добронамерно и врз основа на тие извештаи практично го прави и патоказот, нормално и врз основа нашите согледувања, како институциите.

– Во ова смисла ние во последните четири години, но интензивно и во последните 10 месеци работиме на сите фронтови за унапредување и подобрување на човековите права без разлика дали се работи елиминација на сите форми на дискриминација или се работи на заштита на маргинализираните групи или се работи на имплементација на Истанбулската конвенција, што ние ја ратификувавме, зајакнување на заштита на човековите права дури и преку кривично правните инструменти преку кривичниот законик, наведе Маричиќ.

Директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска, во ова прилика посочи дека тие извештајот го подготвиле во 2019 година и денеска заедно со Министерството за правда и народниот правобранител ќе ги дискутираат клучните наоди и како да се унапредат политиките во овие различни области во следниот период.

– Клучните наоди од овој извештај се однесуваат на пандемиска година. Сите знаеме дека оваа беше исклучителна година за човековите права. Се открија големи недостатоци во сите системи за заштита на човековите права и во Европа и во земјите на ЕУ и во Северна Македонија. Она што е значајно од овој Извештај е дека со него на ист кантар се мерат земјите членки и земјите коишто пристапуваат и за нас е исклучително значајно, бидејќи тоа претставува исто така основа која што Европската комисија ќе ја земе во нивниот извештај којшто ќе го подготви наесен за напредокот на нашата земја, рече Кацарска.

Воедно, таа препорача што е можно повеќе да се зајакнат националните институции за човекови права, вклучително тука и народниот правобранител и комплетирањето на новата Комисија за заштита од дискриминација, бидејќи според Кацарска, тоа се телата коишто треба да ни помогнат за да изградиме поотпорно општество за заштита на човековите права.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ