Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Германија, која се наоѓа во досега незапамтена политичка криза, треба да си ја врати стабилноста. „Би била добра работа Германија да си ја врати стабилноста и да продолжи по патот на единството и солидарноста на Европа“ – изјави Ципрас во Париз, каде денеска ја прими наградата за политичка храброст, која ја доделува списанието Политик антернасионал.
Германската канцеларка Ангела Меркел после парламентарните избори не успеа да договори коалиција со либералите и зелените, што предизвика страв од сериозно забавување на големите регорми кои ѝ претстојат на ЕУ.
Ципрас повика на повторно покренување на европскиот проект.
„Критична точка за Европа не е само новата насока, туку и новата визија. Проблемот на Европа е недостиг на визија“ – истакна грчкиот премиер.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.