• Latest

ЦИВИЛ ги додели наградите на граѓанските новинари со најуспешни стории

February 10, 2017

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ ги додели наградите на граѓанските новинари со најуспешни стории

February 10, 2017 14:22
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кршење на изборниот молк, говор на омраза, социјални проблеми, неажурност на градските власти…, се меѓу темите на авторите во вториот циклус на проектот „Граѓански објектив“, на кои на денешната церемонија им беа доделени наградите за граѓанско новинарство.

Автори на првонаградената видео-сторија со наслов „Додека се живи пензионерите, ќе живее и Велес!“ се Росица Стојкова од Лозово и Ненад Јовановиќ од Кавадарци.

Ненад Јовановиќ и Росица Стојкова

„ЦИВИЛ е моја драга организација, затоа што се залага за цивилизациски вредности. Наградата е симболична, но сепак е валоризација на трудот“, изјави Јовановиќ, при примањето на наградата.

Тричлената жири-комисија на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Билјана Јордановска, Маја Ивановска и Ермин Климента, втората награда ја додели на авторите Лорета Петровска, Николетка Панева и Влатко Цеков од Свети Николе, за видео-интервјуто со наслов Ако ние, граѓаните, не си ги решиме проблемите, политичарите нема да ни ги решат…“

Николетка Панева, Влатко Цеков и Лорета Петровска,, со Ермин Климента и Џабир Дерала

„Овој прилог е поврда дека субвенциите, не им се доволни на земјоделците, не им помагаат во нивната секојдневна борба за егзистенција“, рече Лорета Петковска.

Третата награда ја доби сторијата „Говор на омраза на ‘прославата’ на ВМРО–ДПМНЕ во Ресен! чиј автор е анонимен граѓански новинар.

„Оваа награда одлучивме да ја доделиме, зашто како Комисија сме вџашени од навредите и заканите по улиците, кои се практицираа во ‘славеничката’ атмосфера по изборите“, рече Климента, еден од членовите  на жири-комисија.

Вулнет Махмути

Ана Малцева со сторијата „Кршење на изборниот молк пред домот на АРМ“ и Вулнет Мехмути со клипот „Скопје 2014“: Рискантна прошетка по плоштадот „Македонија“  се добитници на двете четврти награди.

Ана Малцева

Оценувачката комисија во периодот на траење на проектот, додели 55 награди во вредносни ваучери, меѓу другото и за да ги мотивира граѓанските новинари, технички да се доопремат и да користат „смарт“ телефони, фотоапарати или камери и да ги регистрираат општествените аномалии.

Џабир Дерала

„Вашите прилози ја илустрираа многу тешката состојба во Македонија, особено за луѓето на кои им треба социјална заштита и други државни сервиси. Токму тие луѓе се цел на притисоци и закани, тие се злоупотребени и се користат како машини за гласање. Затоа и овие ваши трудови се многу значајни, за да дојдеме до фактите и реалноста. ЦИВИЛ говори со фактите на реалноста, но како ќе говориме, ако ве нема вас“, поентираше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала

Следниот викенд на 18 и 19 февруари, во Струмица, во рамките на проектот „Граѓански објектив“ ќе се одржи третиот дводневен семинар за едукација на граѓански новинари од новиот циклус.

Моника Талеска

Tags: Ана МалцеваВлатко ЦековВулнет Махмутиграѓански новинарГраѓански објективЛорета ПетровсканаградиНенад ЈовановиќНиколетка ПаневаРосица Стојкова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ