• Latest

ЦИВИЛ и граѓанските новинари во борба против апатијата

June 4, 2016
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ и граѓанските новинари во борба против апатијата

June 4, 2016 16:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода и граѓанските новинарки и новинари од целата земја се борат против апатијата и продолжува со серијата настани посветени на граѓанското новинарство. Овојпат, ЦИВИЛ ги повикува сите заинтересирани да се пријават за учество на обука за граѓански новинарки и новинари која ќе се одржи в сабота, на 11 јуни, хотел Сити Парк, со почеток во 10:30 часот. На крајот од програмата, во 18 часот, ќе се одржи церемонија за доделување награди за граѓански новинарки и новинари, отворена за јавноста. Во модерен амбиент, со едукативна, но и извонредно забавна 8-часовна програма, ЦИВИЛ нуди бесплатна можност кандидатите да се стекнат со теоретски и практични знаења за граѓанското новинарство, видео активизмот и низа други интересни области. 

FIGHT APATHY 01 - C
Бори се против апатијата! Рокот истекува на 9 јуни. Кликни ТУКА за ФБ настан

Тие што ќе се пријават на обуката, ќе добијат можност да учествуваат со своите прилози и на наградниот конкурс за најдобри прилози на граѓански новинарки и новинари.

Обуката се одржува со цел граѓан(к)ите да известуваат за кршење на човековите права и слободи, изборните манипулации, злоупотребата на службена должност и јавните ресурси, партизацијата на државата, дискриминацијата, насилството, како и за борбата на слободољубивите граѓанки и граѓани за слобода, правда и демократија. Многумина, кои се директни учесници во настаните во нашата земја, со своите прилози можат да дадат значаен придонес со тоа што ќе ги документираат случувањата и ќе информираат за нив во истиот момент, преку социјалните мрежи, независните медиуми или преку проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ. Со ова, граѓанските новинарки и новинари придонесуваат кон разбивањето на медиумскиот мрак во кој се наоѓа земјата веќе со години.

Сите заинтересирани граѓанки  и граѓани кои  сакаат да го проверат својот талент за новинарство и да дадат придонес, можат да се пријават до 9 јуни, на civil.macedonia@gmail.com, едноставно, со мотивациско писмо до 420 знаци (колку три твита), точно име и презиме, телефонски број и линк до Фејсбук профилотна кандидат(к)ите. Бројот на учесници е ограничен.

Со почеток во 18:00 часот, ќе се доделат наградите на ЦИВИЛ за граѓански новинарки и новинари во четвртиот награден циклус. Една од наградите ќе биде резервирана за видео, фото или аудио материјал од учесниците на обуката, од нивните двочасовни теренски активности. Прилозите од обуката на тој ден, доколку ги исполнуваат критериумите, ќе влезат во конкуренција за награда во наредниот награден циклус.

Сите граѓан(к)и имаат можност да учествуваат во проектот Граѓански објектив,  на кој ЦИВИЛ доделува награди за најдобрите видео и фото материјали, или вести. Наградите се пет вредносни ваучери, а првата награда е во противредност на 110 долари.

Снимките, фотографиите и текстовите не мора да бидат високопрофесионални, бидејќи пресуден критериум е информацијата.

Прилозите може да се однесуваат на различни видови злоупотреба на позицијата, закани, дискриминација, поткуп, злоупотреба на јавните ресурси и други нерегуларности. Задолжително е материјалите кои ќе ги испраќате да бидат придружени со контакт на авторот, опис на времето, местото, текот на настанот и учесниците во самиот настан. Авторите и лицата кои се вклучени во прилозите може да останат анонимни, во зависност од договорот со нив.

За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на civil.macedonia@gmail.com, а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.

Проектот Граѓански објектив е поддржан од  National Endowment for Democracy

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: NEDграѓански новинарГраѓански објективграѓанско новинарствоизбориманипулациинаградиобукаЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ