• Latest

ЦИВИЛ инсистира да добие одговори за луксузирањето на ДИК

April 26, 2018
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ инсистира да добие одговори за луксузирањето на ДИК

April 26, 2018 14:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ -Центар за слобода повторно поднесе барањата за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, истите на кои не доби точни одговори. Се работи за трошењето на јавните пари за приватно луксузирање. 

Претходно, ЦИВИЛ поднесе барање за информации од јавен карактер за трошењето јавни пари за 2016 и 2017 година во октомври 2017 година. Дел од прашањата се однесуваа на висината на поединечните месечни примања, бонусите, мобилните телефони, набавките и други прашања поврзани со законитоста на работењето на поранешните членови на Државната изборна комисија, како и за годишните буџети за 2016 и 2017.

Одговорот од ДИК беше дека нашите барања не се информации од јавен карактер. Со оглед на фактот дека оставките на членовите на ДИК кои следеа набргу и контроверзните изјави на членовите на оваа институција, го потврдија фактот дека барањата на ЦИВИЛ се релевантни. Јавноста има право да знае!

Иронично, на Глобалниот ден на изборите, ЦИВИЛ доби одговор од ДИК дека процедурата со барањето е завршена, а доколку сме заинтересирани, „како незадоволна странка“, може повторно да поднесе барање со истите прашања, а стручната служба на ДИК ќе се произнесе повторно по барањето.

Затоа, ЦИВИЛ поднесе обновено барање, со скратена листа прашања и тоа оние прашања кои се однесуваат на јавните набавки, вклучително и мобилните телефони за членовите на ДИК, патните трошоци и репрезентацијата. Воедно, ЦИВИЛ ја потсети оваа институција на законската обврска да ги објавува финансиските извештаи на својата веб страница.

Државната изборна комисија има обврска најдоцна 30 дена од приемот на барањето да одговори позитивно или негативно по барањето на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКпристап до информации од јавен карактерЦивил
Share140Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ