• Latest

ЦИВИЛ мобилен во Гостивар, Струга, Охрид и во Ресен

November 27, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ мобилен во Гостивар, Струга, Охрид и во Ресен

November 27, 2016 14:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Празни плоштади, иселени граѓан(к)и, исплашени луѓе кои нѐ пресретнуваа на патот за да ги поделат тајно искуствата за притисоците, за присуството на „фантомите“ во нивните домови … Ваква беше атмосферата вчера во Гостивар, Струга, Охрид и во Ресен, на последниот предизборен поход на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

15193494_1132622520189549_4183485708380245316_n
Синиша Станковиќ, прес конференција-Струга

„ЦИВИЛ интензивно работи на откривање на нови сознанија, факти и докази за предизборни притисоци, ‘фантоми’…, ја зајакнува локалната структура во рамки на проектите ‘Набљудуваме’, и ‘Напред!’ зашто предизборниот и изборниот процес ќе го следи на територијата на целата држава, со свои долгорочни и краткорочни набљудувачи. А, сите прекршувања на изборниот процес ќе бидат пријавени до надлежните структури. Иако и досега, аномалиите ги пријавуваме до ДИК, до денеска не добивме ниту еден одговор од овој државен орган. ДИК не работи транспарентно и Македонија во овие избори ќе ‘влезе’ со стотици фантомски гласачи“, изјави Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа на прес- конференциите, одржани вчера во Гостивар, во Струга и во Охрид, кои што ги следеа локалните медиуми.

Мобилниот тим на ЦИВИЛ одржа средби и со претставници на граѓанскиот сектор и на политички партии. ЦИВИЛ ги презентираше своите активности, повикувајќи ги на соработка сите граѓан(к)и во процесот на откривање на сите прекршувања на изборната законска регулатива. ЦИВИЛ ги верификуваше извештаите од мониторинг тимовите на регионално ниво.

Денеска во Битола се спроведува обука за краткорочните набљудувачи од тој регион..

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГостиварОхридпрес-конференцииресенсредби со граѓанскиот секторсредби со партииСтругаЦивил - Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result