Тимовите на ЦИВИЛ утре, 14 април, продолжуваат со теренските активности како дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“. Граѓанките и граѓаните на Св. Николе, Градско, Лозово и Росоман ќе имаат можност да ги посетат инфо штандовите и да се запознаат со пораките и содржините на проектот.
На штандовите во директна комуникација тимот на ЦИВИЛ со граѓанките и граѓаните ќе споделат информации за локалните проблеми, состојбата на локалните медиуми и како до слободно општество. Исто така, ќе се делат и бесплатни примероци од њузлетерите „Слободно општество“ во кои се обработуваат темите на проектот.
Проектот Слободни медиуми за слободно општество се спроведува од јули 2017 година, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ЦМ