• Latest

ЦИВИЛ во локалните медиуми во изминатиот месец

March 7, 2016

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ во локалните медиуми во изминатиот месец

March 7, 2016 16:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мобилните тимови на ЦИВИЛ – Центар за слобода, од 24-ти февруари до 6-ти март, за само девет дена, на градските плоштади и на улиците во вкупно 29 општини, го презентираа проектот: “Напред!”. Целта на посетите е мобилизација на набљудувачи за престојните предвремени парламентарни избори. ЦИВИЛ ги информираше големиот број на заинтересирани граѓанки и граѓани за можноста да ги мониторираат изборите, да пријавуваат неправилности и да се вклучуваат во тековните активности во контекст на изборите, на кои ЦИВИЛ секојдневно работи.

Покрај големиот интерес кај жителите на сите општини кои беа посетени, локалните и регионалните медиуми, ги следеа активностите на ЦИВИЛ во своите градови, и навремено известуваа.

12079869_911882218930248_5467554972668150120_o

Презентацијата на проектот: “Напред!”, започна од Велес, и беше дел од дневникот на  ТВ Канал 21. Исто така, простор за мобилизацијата на набљудувачи во Велес, беше овозможен на локалната ТВ Здравкин, како и на веб порталите Ти реков, ми рече и Дума. Сите медиуми преку изјавата на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ги известија велешани за можноста која ја нуди ЦИВИЛ, за условите за пријавување, како и за моменталната политичка ситуација, и условите кои треба да се исполнат за фер и демократски избори.

Во Куманово, јавниот настан на градскиот плоштад: “Нова Југославија”, го проследи кумановската телевизија ТВ Плус. На повикот до националните ТВ станици од Скопје, да испратат новинари, во организација на ЦИВИЛ, да известуваат за кумановскиот настан, одговори ТВ 21, чија екипа дојде на плоштадот. Во дневникот на ТВ 21, објавени беа активностите на ЦИВИЛ во Куманово, и можноста да се биде дел од тимот на набљудувачи.

12744127_913082618810208_5033105980008145965_n

За активностите на ЦИВИЛ, во Штип известија локалните телевизии ТВ Ирис и ТВ Стар. Тие ја објавија изјавата на Биљана Јордановска,  која зборуваше за важноста што повеќе луѓе да бидат вклучени во набљудување и известување за изборните нерегуларности, со цел обезбедување кредибилни избори.

Настанот на ЦИВИЛ плоштадот во Прилеп, беше проследен од ТВ Канал Визија и објавен на веб порталите Патоказ и 10 без 10. Преку изјавите на Џабир Дерала, главниот уредник Синиша Станковиќ и Марија Теговска, прилепчани имаа можност да добијат информации за проектот: “Напред!”, впечатоците кои ЦИВИЛ ги добива од работата на терен, како и за актуелните политички настани во Македонија.

12779011_918075344977602_8552507626586948625_o

ТВ Мега, од Битола продолжува редовно да ги следи активностите на ЦИВИЛ. И овој пат, во саботното издание на дневникот, објавена беше изјавата на претседателот на ЦИВИЛ, кој зборуваше за мобилизацијата на набљудувачи во Битола. Караванот на ЦИВИЛ во пелагонискиот регион, беше дел од текстот и во веб порталот Шеталиште.

Веб порталот Ohrid News, ја објави презентацијата на проектот: “Напред!” во Охрид, и ставот на ЦИВИЛ, за актуелните  меѓуетнички и меѓуврски случувања во земјава. За охридскиот јавен настан извести и охридската ТВ Морис.

ТВ Ускана, извести за активностите на ЦИВИЛ во Кичево и ја објави изјавата на Петрит Сарачини, кој зборуваше за потребата за набљудувачи и од кичевскиот регион.

8291_914351375349999_4721838396630420830_n

Во Тетово, проектните активности на ЦИВИЛ, беа проследени од повеќе локални и национални медиуми кои прикажуваат програма на македонски и на албански јазик. Телевизија Кис, ТВ Арт, Телевизија Коха, МТВ 2, како и веб порталот Portalb.

Тимот на ЦИВИЛ, по посетата на Тетово, ја посети општина Гостивар. Јавниот настан на гостиварскиот градски плоштад беше објавен на ТВ Глоби, на албански јазик.

На јавниот настан во Кочани, присуствуваа телевизијата Канал плус и локалната кочанска телевизија Канал 8.

Активностите на ЦИВИЛ, во Струмица, Гевгелија и Валандово, беа најавени на ТВ канал ВИС. Настанот во Струмица, беше проследен и од регионалната Телеканал А1 и од ТВ Интел.

12419228_915368708581599_6583210286589457558_oЈавните настани во сите 29 општини, се дел од проектот: “Напред!”. Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Tags: изборилокални медиумиНапред!Цивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ