• Latest

Златко Марин, градоначалник на општина Аеродром

April 4, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Златко Марин, градоначалник на општина Аеродром

April 4, 2018 09:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во каква состојба ја затекнавте општина Аеродром, односно во какви финансиски, кадровски и просторни услови и кои се реалните проблеми на локалната самоуправа?

„Општина Аеродром со години работеше според погрешни приоритети. Се претвори во институција затворена за сопствените жители и граѓанскиот сектор, што доведе до таложење на сериозни проблеми и низа непромислени инвестиции. Така, општината веќе години наназад има голем проблем со загаденоста на амбиенталниот воздух, прашање кое не се решава преку ноќ, но со голема посветеност сметам дека може да се дојде до одредени одржливи решенија. Наследив градежен хаос, голем број диви и мини депонии, како и улици полни до дупки, проблем со пристапните патишта, застарена водоводна мрежа, запоставена инфраструктура и огромен број нерешени легализации. Во Аеродром има и реален проблем и со згрижувачкиот капацитет на градинките и училиштата, како и недостиг на паркинг места“, вели Марин.

Каква е состојбата во општината во моментов и што е преземено откако сте на функцијата градоначалник?

„Откако ја преземав функцијата градоначалник, Буџетот на општина Аеродром за заштита на животната средина се зголеми за 20 пати. Така, за 2018 се предвидени 300.000 евра за интервентни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Дел од нив се двосменското работење на општинските инспектори, набавка на прочистувачи на воздух за сите градинки, како и изработка на нацрт-план и садење нови дрвја за што се алоцирани 8 милиони денари.

Почна изградбата на нов објект за градинката „Буба Мара“, а предвидени се средства за доградба на објектот „Црвенкапа“ на ЈДГОА „Срничка“.

Во тек е обновата на основното училиштето „Димитар Македонски“ и реконструкција на три улици. Реализиравме еко-акција во чии рамки расчистивме голем број депонии и зелени површини, а планираме уште акции од овој тип во следните два месеци. Исто така воведовме нови проекти наменети директно за граѓаните, како што се еднократна финансиска помош за талентирани спортисти и 3.500 денари за секое првоодделенче, како и преземање на трошокот за обезбедување на училиштата и градинките за учебната 2018/2019 година, кои преминуваат во редовни активности на општината. Одвоени се три милиони денари за реновирање на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“, со што значително ќе се подобрат условите за квалитетно образование, а создавањето врвни услови во училиштата ќе биде наша постојана заложба.

Имаме и редовни средби со граѓаните и сме посветени на решавање на секој случај индивидуално. Исто така активно работиме на зајакнување и проширување на соработката со голем број граѓански организации и здруженија, затоа што само на тој начин, со нивна директна вклученост можеме да го претвориме Аеродром во општина со еднакви можности за сите“, истакна Марин.

Кои се вашите приоритети како градоначалник и идни проекти кои треба да се реализираат во општина Аеродром?

„Мојата програма е темелена пред сѐ на потребите и барањата на жителите на Аеродром. Нашите приоритети се создавање една чиста и самоодржлива средина, која ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. Така, се фокусираме на мерки против загадувањето на воздухот, поставување високи еколошки стандарди при изработката на ДУП-овите, континуирано одржување на хигиената во општината и дополнување на зелените површини. Исто така, правиме проценка на капацитетите на градинките и училиштата и план за нивно проширување. Предвидуваме конкретни чекори за подигнување на квалитетот на социјалниот, образовниот и културниот живот преку изградба на нови градинки, центри за правилен раст и развој и гимназија. Ќе овозможиме и услови за развој на рекреативниот и масовниот спорт, а предвидуваме изградба на мултифункционален културен центар. Заедно со полицијата и Град Скопје работиме на нови сообраќајни решенија со цел намалување на сообраќајниот метеж, изградба на велосипедски патеки и зголемување на безбедноста во сообраќајот“, нагласи градоначалникот Марин.

Магдалена Ристоманов 


извор: МИА

Tags: АеродромЗлатко Марининтервју
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ