На 3-ти февруари, во сабота, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи шестиот по ред фестивал на независна музика Земјотрес, со почеток од 19 часот.
Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи, од 2012 година, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители од алтернативната сцена. Музичката програма на фестивалот се одвива на три сцени, а покрај тоа, во холот на МКЦ се поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите.
На трите сцени, можност да ја претстават својата музика пред публиката, ќе имаат повеќе од повеќе од 20 изведувачи, меѓу кои: Astrolungs, Baklava, Gargoyles, KHARA, Ljubojna, Morfej, Short Fuse Hero, String Forces и други.
Фестивалот е инициран од страна на Направи Заедно (сегашен Balkan Veliki Балкан Велики), Sixtynine Records и PMG Recordings, а реализиран во соработка со Младински Културен Центар.
Влезниците за концертот се 150 денари, а додека на врата на самиот ден на фестивалот, истите ќе бидат 200 денари.
А.П.