Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на јавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое таа забранува да се споменува нејзиното име, што, според ЗНМ, претставува форма на, јавeн притисок насочен кон медиумите.
Ваквите објави, велат од Здружението, се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите.
Од ЗНМ ги потсетуваат сите носители на јавни функции дека, доколку имаат забелешки за објавени медиумски содржини, секогаш може да побараат исправка или демант.
Исто така, на располагање им се и телата за саморегулација на медиумите, кои ја оценуваат етичноста и професионалноста на медиумските содржини.
Оваа форма на јавни известувања е неприфатлива бидејќи создава атмосфера на заплашување и недоверба, што е спротивно на демократските вредности и јавниот интерес, се вели во реакцијата.
М. Д.