поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Не е во интерес ниту негов ниту на Албанците, Зоран Заев, како што самиот тврди, да има доверба во Али Амети и неговите блиски соработници, за кои и самиот до неодамна јавно тврдеше дека ќе одговараат исто како тие од ВМРО.
На Зоран Заев би требало да му е сосема јасно зошто Али Амети никогаш нема да се сложи за измени на изборниот систем, ниту за реформи во правосудството, со кои не би се прекинале сите тековни или евентуални други кривични постапки против функционерите на ВМРО и на ДУИ.
Али Амети ќе продолжи со помош на Талат Џафери, од притвор и од судење да ги штити неговите и функционерите на ВМРО. Да ги штити неговите активисти кои со огнено оружје дивеат на свадби и кај плоштадот СКЕНДЕРБЕГ.
Зоран Заев и натаму ќе мора, исто како некогаш Груевски, од буџетот на државата да продолжи, без никаква законска основа, да плаќа избирачи на ДУИ.
*
Кој и кога во Македонија ќе одговара за узурпацијата на државното земјиште, дивите градби и нивното легализирање. Од “бомбите” на Заев, заедно со него, слушавме и ние како еден партиски “лидер” се ангажира дивоградбите да не се уриваат.
*
Дури и Бучковски бил фрапиран кога видел дека во СЈО имало енормни хонорари!
*
Премиерот ја повикува антикорупциска да го контролира имотот на судиите и обвинителите. Ако било можно и толку лесно, зошто тоа до сега никому не му текна? Додека на тие од ДУИ, во кои он има доверба, им текна антикорупциска да ја тужат во Стразбур.
*
Не е, г. Заев, судството е последната тврдина на “заробената држава”. Пред судството постои една друга тврдина, која ја ужива Вашата доверба и поддршка.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.