• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Зошто мислам дека референдумот е успешен?

October 1, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто мислам дека референдумот е успешен?

October 1, 2018 13:59
in СЛОБОДНА ЗОНА
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Според мое мислење референдумот на кој граѓаните на Република Македонија требаа да се изјаснат дали се ЗА  членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција, или се ПРОТИВ – беше успешен!

Од формално-правен аспект, како консултативен по својата суштина, референдумот ѝ даде јасна претстава на владејачката структура за мислењето на граѓаните во однос на поставеното прашање и со тоа го отвори патот за натамошна легална процедура во рамките на законодавниот дом и другите државни структури.

Мирјана Најчевска

Од фактички аспект, референдумот е успешен според повеќе параметри.

  1. Доколку беше исполнет цензусот за излезност согласно националната легислатива, ќе беа потребни 450.000 (приближно) гласачи за да се смета дека на референдумското прашање е позитивно одговорено. Со тоа што 600.000 (приближно) гласачи позитивно се изјаснија на поставеното прашање, станува фактички јасна определбата на граѓаните.

Граѓаните на Република Македонија во импозантно мнозинство (видливо и лесно препознатливо) го искажаа мислењето и зазедоа позитивен став во однос на поставеното прашање.

  1. Самото постоење на цензус е заостаток од времето на социјализмот (не случајно високиот праг на излезност се бара во Русија, Бугарија и Хрватска), анахроно е на најновите развојни правци на демократијата и е спротивно на стандардите на Советот на Европа. Граѓаните имаат право да се интересираат за политика и имаат право да не се интересираат за политика. Имаат право да имаат мислење и имаат право да немаат мислење. Имаат право да го искажат своето мислење и имаат право да не го искажат своето мислење. Во духот на демократијата е да се почитуваат овие права на начин кој не ги загрозува правата на другиот. Значи, тие кои не се интересираат за политика, кои немаат мислење за одредено нешто и/или кои не сакаат да го искажат своето мислење, не смеат да го загрозат правото на оние кои се интересираат за политика, кои имаат мислење за одредено нешто и/или кои сакаат да го искажат своето мислење.

Токму заради ова, Венецијанската комисија (при Советот на Европа) во Кодексот за добри референдумски пракси советува: “Препорачливо е да не се бара кворум за излез (праг, минимален процент), бидејќи таквиот број ги спојува гласачите кои се воздржуваат од гласање  со оние кои гласаат не“. Со други зборови,  определувањето праг на излезност може да биде злоупотребено (посебно кога овој праг е ставен многу високо како што е во Република Македонија).

  1. Поставувањето на прецизен праг за излезност на референдумот (50% од запишаните гласачи во државата) претпоставува постоење на многу прецизни сознанија за бројот на жители на државата (што во Македонија не е случај) и многу сигурни записи во избирачките списоци (што во Македонија не е случај). Тоа значи дека се бара прецизен процент во ситуација кога не е позната бројката од која се вади тој процент.

Ова е фактичко изигрување на правото.

  1. Внесувањето на дијаспората како дел од гласачкото тело е повеќекратно несоодветно.

Прво, државата нема јасна претстава за големината на дијаспората и за бројот на луѓето кои трајно или привремено не живеат во Република Македонија и посебно дали тие сакаат да имаат врска со Македонија или не!

Второ, државата нема увид во поврзаноста на раселените луѓе со матичната држава. Дали тие фактички имаат било каков однос со државата (комуникација, поседување имот, издржување членови на семејството, …) кој би им дал за право да бидат дел од одлучувањето.

Трето. Државата нема ниту средства ниту капацитети да овозможи вистинско гласање на сите оние кои ја чинат масата на гласачко тело, а не се наоѓаат во Македонија. Тоа значи дека тие се сметаат како гласачи, меѓутоа фактички не можат да го остварат правото на глас.

На пример, мојата ќерка која повремено престојува во Јапонија е дел од вкупниот број гласачи, меѓутоа немаше шанси да гласа (иако уредно се пријави) и сега некој ќе ја присвојува како да е дел од бројот на тие кои свесно бојкотираат.

Заради сето ова, тврдам дека референдумот во Македонија беше успешен. Владејачката структура доби јасна претстава за расположението на граѓаните и има основа врз која би требало да ги носи наредните решенија поврзани со договорот од Преспа.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share449TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ