• Latest
Нема знамиња на Први Мај, 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Зошто не се истакнуваат знамиња на Први Мај?

May 1, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ФОТОГРАФИЈА НА ДЕНОТ

Зошто не се истакнуваат знамиња на Први Мај?

May 1, 2026 20:55
in ВЕСТИ, ТОП 5, ФОТОГРАФИЈА НА ДЕНОТ
Нема знамиња на Први Мај, 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Нема знамиња на Први Мај, 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

На луѓето не им е до знамиња. А и голем број жители на Скопје се заминати од градот. Сепак, некои забележаа дека нема знамиња на овој голем празник, Меѓународен ден на трудот – Први Мај.

Еве зошто.

Во Северна Македонија постои законска разлика меѓу државни празници и празници на Републиката, што директно влијае на тоа дали се истакнуваат државни знамиња на улиците.

За државни празници, знамињата задолжително се истакнуваат пред државните институции и низ главните сообраќајници. Според Законот за празниците, како такви се сметаат:

  • 24 Мај – Св. Кирил и Методиј
  • 2 Август – Ден на Републиката (Илинден)
  • 8 Септември – Ден на независноста
  • 11 Октомври – Ден на народното востание
  • 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 Декември – Св. Климент Охридски

Иако е неработен ден за сите граѓани, Први Мај не е класифициран како „државен празник“, туку како „празник на Републиката“. Поради ова, локалните власти (како Град Скопје) обично не поставуваат знамиња по должината на улиците и булеварите за овој празник.

Сепак, во периодот 2017–2021, кога градоначалник е Петре Шилегов, знамињата беа истакнувани почесто, па така и на Први Мај, затоа што во тој период локалната власт одлучи да го третира како празник со повисок ранг.

Затоа, во 2023 година, Град Скопје, кога градоначалничка е Данела Арсовска, официјално потврди дека не постави знамиња на булеварите бидејќи Први Мај не е дефиниран како „државен празник“ според Законот за празници, туку како „празник на Републиката“. Оваа одлука предизвика реакции во јавноста, но властите останаа на одлуката, повикувајќи се на законот и Програмата на Градот.

Главната причина за дебатите во изминатите години е Законот за празниците од 2007 година, кога на власт е Никола Груевски. Според тој закон, само за шест специфични датуми е задолжително свечено украсување на градовите, вклучително и новиот државен празник, Ден на македонската револуционерна борба, кој е попознат како „ден на ВМРО“, воведен истата, 2007 година. Статусот на Денот на трудот (1 Мај) иако е неработен за сите, го изгуби статусот на државен празник.

Тоа не значи дека градските власти не можат да донесат решение да го одбележат посвечено. 

ЦМ Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ