Момче со тетоважа со кукаст крст се сликаше со митрополитот Амфилохиј Радовиќ за време на одбележувањето на Богојавление во Подгорица.
Традиционалното пливање за светиот крст, кое го организираше црногорско-приморската митрополија и општина Подгорица, на која присуствуваа стотина верници остана во сенката на фотографијата која ги обиколи социјалните мрежи и која предизвика бурни реакции во јавноста.