Сите заинтересирани лица постари од 25 години и имаат завршено минимум средно образование од денеска до 30 март можат да се јават на конкурсот за бесплатна обука на негуватели на стари и немоќни лица што го распиша Црвениот крст на град Скопје.
Лицата што ќе ја посетуваат обуката ќе добијат верифициран сертификат за негуватели на стари и немоќни лица.
– Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да бидат постари од 25 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат завршено минимум средно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, соопшти Црвениот крст на град Скопје.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: [email protected] , на телефонскиот број 070 352 246 или во просториите на Црвен крст на Република Македонија на бул. „Кочо Рацин“ бр. 13 во Скопје.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.