• Latest

Ѕвезда на крвавото балканско небо

December 19, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Ѕвезда на крвавото балканско небо

December 19, 2018 11:50
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во џунглата од настани и процеси, амнестии, закони, мерки и контрамерки, скандали, спинови, лажни вести, црни кампањи и говор на омраза, по некоја добра вест и многу лоши вести, купи ден помини, преживување за пет пари… Сѐ поминува некако премногу лесно, без поука и без план, како сега да учиме да одиме… Како да не ни се случиле ужасни и трагични нешта нам, туку како тоа да е само лош и конфузен филм, снимен на некој друг континент… Живеејќи го животот во ситни парченца, ловејќи ситни задоволства, како децата кога ги подаваат рачињата по меури од сапуница…

Џабир Дерала

Живееме како муви замаени од студот и отровите во воздухот и храната, во бланко просторот меѓу сликите во забрзано слајд шоу од матни спомени на нечија туѓа реалност. Ова е бескрајно интермецо, парализа, тегобна реалност на едно политичко и социјално тормозење во лавиринтите на личните стравови и интереси. Настаните се одвиваат премногу брзо, за да сфатиме што всушност ни се случува. Јасно се препознава препуштањето на привремените решенија, закрпување овде и онде. Надежта одамна е напушена, дека еден ден ќе носиме вистински ново и добро скроено руво, па да блеснеме додека чекориме по авенијата на историјата. Да не останеме во споредна, сервисна уличка каде што се хранат скитниците, луѓе и животни, со остатоците од храната исфрлена од задниот влез на убавите ресторани…

Навистина, има ли време за такво нешто, ако не за генерацијата од шеесет и седумдесет и некоја, тогаш барем за оние што се родени подоцна? Да се направат чисти и јасни резови, да му се даде нов почеток на општеството што го изгазија и испоганија генерации од несовесни, алчни и неспособни политичари и умислени академски величини.

Постојано се отфрлаат и занемаруваат постигнувањата и добрите, продуктивни чекори, како да не се наши, како да се случајни, како да ги направиле деца во игра. „Мудрите“ политичари, НВО експерти и академски професори, сѐ фолирант до фолирант, ќе седнат и сѐ што е добро (и што не е добро) ќе го стават во комплицирани шеми, ќе го затворат зад блиндираните врати на институциите, а сето тоа ќе го претстават како систем отворен за граѓанките и граѓаните.

Веќе имавме едно општество за сите… На улица! Ни го создадоа студентите, а потоа и сите останати демонстранти што беа во потрага по слобода, правда и еднаквост, бараа социјална правда и чист воздух, бараа да се сопре неказнивоста и корупцијата, да се сопре полициската бруталност и самоволието на компаниите и јавните претпријатија, да се подобри образованието, да има одговорност за страдањата и смртта на пациентите…

Имавме планови, барања, соништа и надежи. И, кога решенијата изгледаат како да се на дофат на рацете, онака подадени… одеднаш ги снемува, се распрснуваат во илјада невидливи парченца… Како децата кога ќе ги распрснат меурчињата од сапуницата… Само што државата не е игра со меурчиња. Потплатени или заблудени парталковци и умислени политиканти со фашистичка каша во главите и апла разбојнички намери, без образ и ни малку свест за последиците, едноставно, го расипуваат и уништуваат и она малку добро што го имаме. Со тешки маки правиме ситни чекори напред, но со гигантски чекори трчаме наназад. Цел свет ни подава рака, а ние плукаме во неа. Имаме шанси да блеснеме како ѕвезда на крвавото балканско небо. Но, за некои изгледа е подобро да останеме во ќенефот на балканштината и на валканштината.

Имавме сон што изгледаше како да е на дофат на јавето. Сега, како да живееме во лош сон. Има ли надеж за нас?

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Фотографија од Авторот: Биљана Јордановска

Share60TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ