Categories

ЗЕЛЕНА ЛУПА Нови иницијативи и кривични пријави против судии!

Здружението „Зелена лупа“ поднесе нови иницијативи до Советот за утврдување на фактите против судии од Основниот суд Скопје 1, Апелацискиот суд и од Врховниот суд!

„Се работи за пет судии меѓу кои првата е Рахилка Стојковска за која за прв пат поднесуваме иницијатива, другиот е Џемаил Саити, ова е втора иницијатива и има веќе  поднесена кривична пријава, третиот е Ристо Катаденовски, ова е исто втора иницијатива и веќе имаме поднесена кривична пријава, како и за Фаир Каслани со втора иницијатива и кривична пријава, и Јово Вангеловски, ова е исто така, втора иницијатива и веќе имаме  кривична пријава“, изјави Васко Тодоровски од „Зелена лупа“.

Здружението „Зелена лупа“  поднесе втора претставка против претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски до Советот за утврдување на фактите.

Од Здружението најавуваат и трета кривична пријава против него, во врска со предметот во кој што обвинет е бизнисменот Сеад Кочан.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против поранешниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

„Имаат направено тешка злоупотреба на кривичниот закон. Зврлевски со тоа што неовластен поднесува барање за законитост до Врховниот суд, иако овластен за овој предмет беше СЈО. Во овој случај, Јово Вангеловски го прифаќа и го враќа случајот на повторно одлучување. За тоа време, Кочан е во бегство, а по одлуката, се враќа и се брани од слобода“, изјавија од здружението.

Здружението денеска поднесе иницијативи против вкупно 18 судии од Кривичниот суд, Апелацискиот суд и од Врховниот суд. Петмина – во врска со случајот за Сеад Кочан.

Останатите судии за кои е поднесена иницијатива се од случајот наречен „Музеј“ или „Артефакти“. Против дел од судиите, информираа од здружението, се подготвуваат кривични пријави за прекршување на овластувањата поради тоа што на некои од осудените им се судеше за застарени дела.

Иницијативите се за несовесно работење и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Print Friendly, PDF & Email