Од 2020 година граѓаните од третите земји ослободени од визи за влез во Шенген-зоната, меѓу кои е и Македонија ќе треба да аплицираат за дозвола за патувања пред да пристигнат во Европската Унија.
Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија.
Според МИА, новиот Европски систем за патување и овластување (ЕТИАС) ќе овозможи напредни проверки на безвизните патници и оние за кои се смета дека претставуваат ризик во однос на безбедноста, неправилната миграција или висок ризик од епидемија.
Дозволата за патување ќе чини 10 евра. Иако Еврокомисијата предложи дозволите да чинат 5 евра, сепак Комитетот одлучи за цена од 10 евра, а некои патници, како што се лица под 18 години, лица постари од 60 години и членови на семејство на граѓани на ЕУ, ќе бидат ослободени од плаќање на таксата.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.