• Latest

Отворено писмо на група македонски интелектуалци: Владеењето на кликата на Груевски прерасна во автократски режим!

February 3, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Отворено писмо на група македонски интелектуалци: Владеењето на кликата на Груевски прерасна во автократски режим!

February 3, 2017 19:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Група истакнати интелектуалци и универзитетски професори, испрати отворено писмо до Европската комисија и до Конгресот на САД, како реакција на медиумскиот линч и на политичката хајка против западните дипломати во Скопје.

„Нашата основна цел е да ја искажеме решеноста за одлучна одбрана на принципите на парламентарната демократија, врз кои е фундирана нашата држава од нејзиното конституирање во 1991 и кои постепено во 11-годишното владеење на кликата на г-дин Никола Груевски прерасна во автократски режим на хибриден политички систем“ стои во отвореното писмо на македонските интелектуалци.

Потписниците велат дека се против ставањето под знак прашалник на стратешките евро-атлантски ориентации на земјата кои ги третираат како највисоки вредности. Тие истакнуваат дека не се согласуваат со нападите и навредите врз дипломатите на земјите-сојузнички на Македонија, членки на НАТО и на ЕУ кои несебично помагаат во реформите на Македонија, на патот кон изградбата на либералната функционална демократија.

„Во исто време, за нас е збунувачки епилогот од средбата на лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ со рускиот амбасадор во Македонија, каде на многу фин начин и со префинет дипломатски речник, се опишува текот на разговорите и се возвишува духот на пријателството и заемното почитување меѓу Скопје и Москва.
Уште повеќе сме збунети од брзата реакција на руското МНР, кое без познавање на состојбата во Република Македонија, ги обвини западните држави за некакво мешање во внатрешните работи и дестабилизација на Република Македонија“, велат универзитетските професори.

Потписници на Отвореното писмо се универзитетските професори, д-р Милчо Пановски, д-р Осман Кадриу, д-р Љубомир Фрчкоски, поранешен министер за надворешни работи, д-р Мерсел Биљали, поранешен советник на премиер, д-р Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО, д-р Јове Кекеновски, д-р Сабахудин Жута, д-р Борче Давитковски, д-р Земри Елези, поранешен генерален секретар на Собранието, д-р Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор и министер за правда, д-р Ремзи Изаири, д-р Љупчо Ристоски, д-р Мерсим Максути, д-р Ѓорѓи Тоновски, д-р Аурора Карамети, д-р Ибиш Кадриу, д-р Митасин Беќири, д-р Самоил Малчески, политички аналитичар, д-р Али Муслиу, и Исмет Рамадани, претседател на Атлантскиот совет, Висар Адеми, политички аналитичар, Ване Цветанов ексдиректор на Управата за спречување на перење пари и Џенур Исеини, политички аналитичар.

 

Tags: ГруевскиЕУинтелектуалци и универзитетски професоримедиумски линчМНР на РусијаНАТОруски амбасадорхајкахибриден политички систем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ