• Latest

Поткуп, говор на омраза и црна кампања го одбележаа изборниот молк

October 15, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Поткуп, говор на омраза и црна кампања го одбележаа изборниот молк

October 15, 2017 13:22
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ нотираше преку 20 пријави на кршење на изборниот молк.

Вчерашниот ден многумина партиски активисти го искористија со последни сили да обезбедат доволно гласачи за своите кандидати за градоначалници и носители на листи.

Од друга страна, може да се забележи дека полицијата беше достапна и доволно мобилна  за навремено реагирање на пријавите на граѓанките и граѓаните.

Нашите набљудувачи од теренот информираа дека црната кампања не застана ниту за момент.

Летоци, флаери, брошури беа доставени пред врата на граѓаните во Аеродром, Ново Село, Матејче, Отља.. партиски знамиња и отворени штабови… лепење плакати сите со говор на омраза против опонентите.

Не изостанаа  ниту заканите и вербалното насилство.

Директор на основно училиште се заканил на вработени дека ќе ги избрка од работа, доколку не излезат на гласаат. Случајот е пријавен во полиција.

А, за тоа колку беа ажурни партиските активисти, можеше да се сведочи не само преку нивните фејсбук профили, туку и преку ноќните екскурзии за поткуп на гласачи.

За потсетување, таков случај имаше во Ресен, за што ЦИВИЛ Медиа информираше вчера, за 4.500 денари во ромско маало. Полицијата реагирала на време.

Сличен случај е нотиран од набљудувачите во Карпош вчеравечер, каде партиски активисти со списоци на лица, за кои се претпоставува дека се неопределни, одредувале како и со колку да ги поткупат за да гласаат за дореден кандидат.

Многу кандидати го искористија молкот на другите за тие да повикуваат за кого гласачкото тело треба да гласа.

А дека во ажурноста да постигнат поголема бројка доког ќе стигне пораката за кого треба да се гласа, член на координативното тело на ЦИВИЛ – Центар за слобода стигна порака за кога да гласаат и како да се запознаат со партијата.

Нецензурираната аудио снимка од телефонскиот разговор, и за која партија се работи ЦИВИЛ ќе ја објави денеска по 19 часот.

Но, можеби најголемата забелешка се однесува на Избирачките одбори во однос на гласањето на болни и изнемоштени лица, како и во затворите.

Пример, во едно избирачко место при пребројувањето се појавиле две гласачки ливчиња со ист сериски број.

На гласач, со уредно барање до Државната изборна комисија за гласање во домашни услови и прифатено од нивна страна, никој не се појавил до 19:00 вчеравечер. По јавување во ДИК, им било ветено дека некој ќе помине по 20:00 часот. Се разбира тоа не се случило.

Според изворите на ЦИВИЛ, избирачкиот список бил непотполн при гласањето во затворите. Имено, голем број на затвореници со исправни лични карти не го остварија свето право на глас поради отсутво од Избирачкиот список.

Изборниот молк очигледно не подразбира прекин на градежните работи во повеќе општини во Македонија,  ако ништо друго, општините можат да се оправдаат со обезбедување пристап до избирачките места.

Tags: ДИКизборен молкизвештајПартиски АктивистипоткупЦивилцрна кампања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ