Откако властите во Германија заклучија дека социјалните мрежи не прават ништо за да се справат со говорот на омраза, Министерството за правда денеска излезе со предлог казни до 50 милиони евра за компаните сопственици на социјални мрежи, кои нема брзо да ги бришат клеветите, навредите и т.н. „лажни вести“ од профилите на корисниците.
Новиот предлог, претставен од министерот за правда Хеико Мас, е да постои 24-часовна поддршка и бришење на говорот на омраза за најмногу седум дена. Содржината која без сомневање е криминална, ќе мора да се избрише за еден ден.
Новото правило ќе подразбира тим со доволен капацитет да одговори на овие предизвици. Со оглед на тоа што социјалните мрежи се глобални, потребна е и 24-часовна поддршка. Тимот мора да го пријави прекршителот, кој потоа може да биде казнет и до пет милиони евра!
„Twitter брише единствено 1% од говорот на омраза во определениот период, а Facebook 39%. Ова не е доволно“, информираше Мас.
Како одговор, Ричард Ален од социјалната мрежа Фејсбук вели: „Правиме многу повеќе од сите други компании за да го надминеме проблемот со говорот на омраза на нашата платформа.“
Целта на новиот закон е 70% од говорот на омраза во Германија да биде отстранет 24 часа по известувањето.
Новите правила се нудат пред изборите во Германија и во заднина е зголемената загриженост од користењето на социјалните медиуми за ширење на т.н. лажни вести, на расистички коментари и говор на омраза.