• Latest

Продолжува безумието во Прилеп, реагираат родители, омбудсманот, партии…   

March 16, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжува безумието во Прилеп, реагираат родители, омбудсманот, партии…   

March 16, 2017 20:34
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Втор ден во Прилеп продолжија протестите на средношколците, поддржани од дел од нивните професори и директори.  Во центарот на вниманието денес беше СОУ „Ѓорче Петров“ во кое се образуваат идни медицинари, каде групата од четириесетина ученици од различни училишта го одржа своето „шоу“.

Станува збор за истите ученици, кои беа иницијатори и на вчерашните протести што кулминираа во гимназијата „Мирче Ацев“. Според „Публикум“, маршрутата по која се движела групата средношколци била: ЕМУЦ „Ристе Ристески-Ричко“ – гимназија „Мирче Ацев“ – СОУ „Ѓорче Петров“, но ефектот што го постигнала групата во гимназијата бил незначителен во споредба со вчерашниот, затоа што само мал број гимназијалци одговорил на нивните повици.

Главниот настан се случил во медицинското училиште, каде со препознатлива иконографија, со знамиња, свирчиња и со скандирање „Неќам три, неќам два, еден јазик сакам јас!“, „Македонија, Македонија!“, бил направен обид за привлекување на вниманието на учениците и придобивање на нови приврзаници.

„Протестираме за да имаме еден јазик, да си го чуваме јазикот. За Македонија! Никој не ни рече дека ќе учиме албански јазик, затоа протестираме за да не учиме албански“, гласел одговорот на еден од организаторите на протестот, Филип Тодороски, на прашањето за причините за протестите.

Ниту директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, ниту директорите на останатите средни училишта во Прилеп, денес не биле на своите работни места за да одговорат на прашањата кои ја интересираат јавноста. Со „празни раце“ останале и родителите на дел од учениците во гимназијата, кои дошле да разговараат со директорот Киро Николоски. Според „Публикум“, револтирани од вчерашните случувања, кога Николоски на учениците им држел политички говор и ги повикал да одат на протести, родителите на гимназијалците му доставиле писмен допис, со  барање за одржување на родителска средба и состанок на Советот на училиштето во проширен состав. Револтираните родители изјавиле дека ќе бараат целосно расчистување на инцидентот, и кривична одговорност за сите инволвирани во настанот.

Киро Николовски

Порталот „Плусинфо“ како ексклузивна, ја објави фотографијата на четири лица облечени во црни униформи и беретки, на кои има амблеми со натписот „патриоти“. Според порталот, на фотографијата е и директорот на прилепската гимназија, Кирил Николовски, кој, според снимката на ученик од лице место, ги наведувал гимнзијалците да одат на протестите за одбрана на поранешната власт!

Според дел од медиумите, Николовски е истакнат член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Реакциите по повод индоктринацијата и манипулацијата со средношколците, меѓу кои најголемиот процент се малолетни лица, не стивнуваат.

По сопствена иницијатива, омбудсманот отворил постапка против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, по снимката како агитира кај учениците против наводно воведување на двојазичност, против менување на химната и знамето на Македонија, и против воведување на албански симболи, на монети и друго. Директорот Кире Николоски е истакнат член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Канцеларијата на Народниот правобранител Иџет Мемети, според медиумите, ги испитувала сите повреди на законите во постапката на директорот на прилепската гимназија и можно е покренување на барање за негова одговорност, во врска со два предмета  на незаконито и забрането однесување кон учениците.

Според порталот сдк.мк, се води постапка и за директорката на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, по пријава на родител, според која, таа на втори март со соопштение им наредила на учениците да излезат пред училиштето, за да бидат снимени од медиуми блиски до власта, за да се прикаже дека наводно одат на протест против двојазичноста.

Омбудсманот Мемети во својата реакција ги повика училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука, „веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности, да преземе соодветни мерки кон лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците“.

И партијата „Движење Беса“ ги осуди настаните во средните училишта.

„Во протестите кои деновиве ги организира македонската партија на власт, неретко се слушаат ксенофобични, расистички и извикувања кои поттикнуваат омраза кон Албанците. За оваа појава да биде алармантна, се погрижија и директорите на многу основни и средни училишта, кои ги принудуваат учениците да излезат на протести и да ги поддржат овие извикувања. Вчера беше објавена една видео снимка, на која директорот на едно средно училиште во Прилеп јавно држеше говор на омраза против Албанците и албанскиот јазик и бараше од учениците да се мобилизираат и да учествуваат во протестите кои се организираат под изговор дека се за заштита на унитарниот карактер на државата и заштита на македонскиот од албанскиот јазик“, се вели во соопштението на Беса.

 

Tags: БесаИџет МемемтиКиро НиколовскималолетнициНароден правобранителПрилепПротестисредношколци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ