• Latest

Шест осудени лица починале за шест месеци во македонските затвори!

June 8, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шест осудени лица починале за шест месеци во македонските затвори!

June 8, 2017 14:49
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Уште една, веќе шеста жртва во КПД „Идризово“ за изминативе шест месеци! Последниот смртен случај е на осуденичка, за која, од затворот велат дека откако ѝ се слошило, била повикана Брза помош, која констатирала смрт, бидејќи во затворот нема дежурен лекар.

Директорот на затворот, Живко Пејковски, за порталот „Сакамдакажам“ изјави дека на 1.800 затвореници, има само двајца лекари и две медицински сестри!? Од осудените лица, 450 се зависници од дрога, а над 150 се психички болни. Директорот вели дека „Идризово“ со години плаќа огромни суми пари по клиниките, зашто затворениците сè уште немаат здравствено осигурување, иако тоа право им беше со закон уредено. Но, Министерството за здравство не го спроведувало законот повеќе од две години.

Пред извесен период во разговор за ЦИВИЛ Медиа, правниот советник на Хелсиншкиот комитет, Воислав Стојановски, изјави дека најголем проблем во затворите е пренатрупаноста и недостатокот на медицински персонал. Тој додаде дека за едно легло во затворите има по двајца затвореници и дека медицинскиот персонал не може да постигне да им излезе во пресрет на сите, затоа што работи само една смена. Исто така, додаде дека „пренатрупаноста во затворите ќе се намалела доколку се воведеше Закон за пробација, со кој, осудените лица казната ќе ја извршуваа во домашен притвор, со носење на алка за следење“.

Стојановски истакна дека итно треба да се воведе 24 часа присутен медицински персонал во затворите и да им се овозможи на невладините организации и медиумите да вршат независен надзор во затворите, како и да имаат можност да разговараат со затворениците. Затоа што, според него, последниве години, од Управата за извршување на санкции, освен на Народниот правобранител, никому не му се дозволува да влезе во затворите. „Од Комисијата за превенција од тортура на ОН, во Македонија доаѓаат секои две години, а треба да доаѓаат на секои четири години. Тоа покажува колку лоши услови има во македонските затвори“, ни ијзави Стојановски.

Народниот правобранител Иџет Мемети покрена постапки за сите смртни случаи од почетокот на годинава. И тој изјавуваше дека затворениците умираат и поради лошата здравствена заштита.

Починатата жена била осудена на осумгодишна затворска казна за посредување во проституција на малолетни лица. Во февруари, притвореникот Р.А. од Струмица починал во затворот „Скопје“. Претходно, во јануари, во Казнено–поправниот дом „Идризово“, почина затвореникот М. С. (46). Истиот месец, на 10-ти и 11-ти јануари, починаа 73 -годишникот М.А. од Гостивар и 56 -годишникот С.Р. од гостиварското село Речане, кои исто така, служеле затворска казна во „Идризово“. Состојбата во македонските затвори е повеќе од алармантна!

ЦИВИЛ – Центар за слобода со години ги повикува институциите да преземат итни мерки за подобрување на условите во затворите, за почитување на човековите права на притворените лица и затворениците и за укинување на тортурата во притворите и затворите во Република Македонија. Со години, притворот се користи како сурова казнена мерка. Ова се само дел од наодите и согледувањата на експертите за состојбите во оваа сфера.

Д. Муратов

Tags: Воислав СтојановскиЖивко ПејковскиЗатвор „Скопје“Иџет МеметиКПД ИдризовоЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ