• Latest

Уште еден починат осуденик во „Идризово“!

January 23, 2017
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Уште еден починат осуденик во „Идризово“!

January 23, 2017 12:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Казнено–поправниот дом „Идризово“, во затворската амбуланта, во саботата попладне починал затвореникот М. С. (46), откако претходно се жалел на болка во градите. Ова е трет случај на починат осуденик во последните десетина денови!

Претходно, на 10-ти и 11-ти јануари, починаа 73 -годишникот М.А. од Гостивар и 56 -годишникот С.Р од гостиварското село Речане, кои служеле затворска казна во Идризово.

Во канцеларијата на Народниот правобранител го подготвуваат Извештајот за 2016-та година, во кој ќе биде опфатена и состојбата со затворите во Македонија. Оттаму редовно се залагаат за опфаќање на здравствената заштита на осудениците во системот на јавното здравство, но досега немаше адекватна реакција на надлежните за таквите барања

Минатата година, по објавувањето на веста за аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, Народниот правобранител Иџет Мемети, изјави дека постои сомневање за вршење притисок врз затворениците и со тоа им е ускратено правото на штрајк. Екипите на Омбудсманот се обврзаа дека уште поактивно ќе ја следат состојбата во затворите и на затворениците ќе им ги појаснуваат нивните права и обврски.

Според извештајот на Совет на Европа од март 2016та година, смртноста на затворениците во Македонија е 45,7 затвореници на 10.000, а во Европа средната смртност е 31,3. Самоубиствата претставуваат 3,5 на 10.000, во Европа средната бројка е 5,4. Истиот извештај, посочува дека македонските затвори се меѓу најгусто „населените“ во Европа. Заклучно до први јануари 2016та година, вкупниот број на затвореници во земјава изнесувал 3.427 лица.

На веб-страницата на Управата за извршување санкции нема податок за бројот на починатите лица во затворите во Македонија.

Според извештаите на Народниот правобранител, затворениците покрај лошите услови во поглед на здравствената заштита и животните услови, воопшто, се соочуваат и со притисоци со кои им се ускратуваат основните човекови права.

Tags: ombudsmanИдризовоосуденицисмртни случаиСовет на Европа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ