• Latest

ЦИВИЛ во светска акција за општество без граници

April 19, 2017

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ во светска акција за општество без граници

April 19, 2017 12:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со јавна презентација, која ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар утре (20 април 2017) со почеток во 12 часот, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го започне својот најнов проект „Општество без граници“, кој ќе се спроведува со поддршка на германската Фондација Хајнрих Бел. Главна цел на акцијата е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Граѓанската повелба претставува нов чекор на граѓанското општество во светски рамки, што се промовираше минатата година на Светската конференција за глобални перспективи одржана во Берлин, на иницијатива на Меѓународниот центар за граѓанско општество и повеќе реномирани светски граѓански организации.

ЦИВИЛ беше една од првите 50 организации – потписнички на оваа повелба на светско ниво и ќе биде носител на промотивните и едукативните активности за Повелбата во нашата земја.

За време на утрешниот настан на гостиварскиот плоштад, ќе се организира детална презентација на сите активности поврзани со Граѓанската повелба на светско и на национално ниво. Граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да добијат информативни и едукативни материјали, како и да се приклучат кон поддршката за Повелбата, преку потпишување на изјава за поддршка или со учествување во фото и видео-петицијата која е прва од ваков вид, со што ЦИВИЛ за првпат ќе го воведе овој формат на поддршка во светски рамки.

Ваков мултимедијален настан ЦИВИЛ ќе одржи идната недела во Велес, а потоа, во текот на наредните три месеци, следуваат средби и со граѓанките и граѓаните на Штип, Кавадарци, Струга, Тетово, Битола, Охрид и Скопје.

 

Tags: „Општество без граници“ГраГраѓанска повелбаФондација Хајнрих БелЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ