• Latest

1 јули: Пробен попис, дискусии, нови обвиненија…

July 1, 2019
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

1 јули: Пробен попис, дискусии, нови обвиненија…

July 1, 2019 16:39
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши пробниот попис

Изминативе 15-тина дена во 13 општини во земјава успешно беше спроведено пробното пребројување на населението и домаќинствата. Предлог законот за попис останува затворен во собраниските фиока. Не се знае кога ќе биде закажана Kомисиската расправа за предлог законот, бидејќи откако по најавите за бојкот од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, првата седница на комисијата преку ноќ беше одложена.

Во 13 општини во земајва од средината на овој месец па се до вчера се спроведуваше пробниот попис. Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски вели апликативното решение функционирало одлично и оти се надеваат дека нема да има проблеми при спроведувањето и на главниот попис.

Главниот попис треба да се одржи во април 2020 година – но со заглавен предог закон во собраниските фиоки одржувањето на пописот идната година е се понеизвесно.

Министерството за правда уште чека на ВМРО – ДПМНЕ за решавање на судбината на СЈО

Министерството за правда сѐ уште чека на предлогот за нов закон за Специјалното јавно обвинителство најавен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Министерството за правда ќе прифати само подобрувања на законските решенија, но не и ако тој содржи било какви индикации за амнестија.

ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, вели дека законот за СЈО ќе биде и во сооднос со  европското право и препораките и праксите на Европскиот суд за човекови права.

Охрид ќе се дискутира на сесијата на Комитетот за светско наследство на Унеско во Баку

Во Баку – Азербејџан денеска ќе се одржи 43 сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

На сесијата ќе учествуваат и делегацијата  на РСМ  со министерот без ресор Едмонд Адеми,   заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски. За време на сесијата на Комитетот ќе има средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки, меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот, Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.

ЈСП ги враќа хартиените билети за едно возење

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз, пишува Мета.

„Монструм“, „Трезор“ и „Насилство во општина Центар“ продолжуваат денеска

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Претходно рочиште беше одложено поради необезбедено присуство на двајцата сведоци, за кој беше побарано и полициско приведување.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Од денеска се воведуваат две нови вакцини за деца

Од денеска почнува вакцинацијата со новите вакцини за рота вирус и пневмокок, која Министерството за здравство ја воведе во редовниот календар за имунизација за бебињата и децата, а министерот за здравство, Венко Филипче, ги најави пред неколку месеци.

Со вакцината против рота вирусот се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле, се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.

ОЈО со обвиненија против седум лица за сообраќајната несреќа кај Ласкарци

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството.

За возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“, како и за тројца вработени во станицата за технички преглед во сопственост на истиот газда, е побарано домашниот притвор да се замени со затворски притвор.

Меркел: Земјите од Западен Балкан се наши европски соседи и имаат европска перспектива

Земјите од Западен Балкан се наши европски соседи и имаат европска перспектива, соопшти германската канцеларка, Ангела Меркел, по повод претстојниот самит за овој регион во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Познањ, Полска.

„Патот сè уште е полн со камења“, посочи германската канцеларка, а пренесува „Танјуг“.

Во Познан во петок (5 јули), ќе се одржи конференција за Западен Балкан, на која ќе присуствува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се подобрат можностите за дијалог и соработка меѓу земјите од регионот.

Финска го презема претседавањето со Европската Унија

Од денеска Финска го презема ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската унија.

Финска го презема претседателството со Советот на ЕУ од Романија, а на 1 јануари 2020 година ќе го предаде на Хрватска.

Советот на ЕУ е тело кое ги собира министрите на земјите – членки и се состанува според одредени области, од земјоделство до надворешни и внатрешни прашања.

Земјата членка која претседава во период од шест месеци ги одржува сите состаноци на Советот на ЕУ, освен Советот на министри за надворешни работи, со кој претседава министерот за надворешни работи на ЕУ.

Ангела Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share62Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ