ВЕСТ НА ДЕНОТ: Унгарско-словенечка политичко-разузнавачка операција за рушење на Преспанскиот договор
Најмалку четири милиони евра, од август 2018 година за финансирање на медиуми од калибарот на словенечката десница SDS и за политичко-разузнавачко-медиумската операција насочена кон уривање на влезот на Северна Македонија во НАТО, дошле во Словенија од сметките и компаниите на членови од тесниот круг на Виктор Орбан, отворени во Лондон, пишува necenzurirano.si.
Словенечкиот портал објави дека во нивната редакција добиле документи, податоци и информации од повеќе земји. Од тие документи, како што пишува порталот, се гледа дека најмалку три компании, тесно поврзани со унгарската владејачка партија Фидес, оствариле најмалку четири милиони евра во една фаза од работењето од август во 2018 година од кои – 1,5 милиони евра дознаки од унгарски извори остануваат во Словенија, а преостанатите 2,5 милиони евра заминале во Македонија.
Податоците покажуваат дека преку Словенија биле испраќани сомнителни унгарски пари во Македонија. Тоа го искористија унгарските сопственици на медиуми од кругот на словенечката СДС за да купуваат и финансираат медиуми што ги фаворизираат ВМРО-ДПМНЕ. Всушност, станува збор за финансирање на политичка активност во Македонија, пишува „necenzurirano.si“.
БЛИЦ: Наместо одговори – спинување
Стигнува вест од словенечки портал дека унгарската влада на Орбан преку Љубљана испраќала пари до медиуми во Македонија блиски до ВМРО-ДПМНЕ, пари кои всушност биле наменети за финансирање на политичка активност во земјата и тоа во време кога се случувале преговорите за Преспанскиот договор. Наместо одговори, добивме бегање и спинување…
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Најчевска: Дефинитивно ни треба нов Закон за ЈО, но не на ваков начин
ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Хибридните закани врз демократијата
Во екот на најновиот скандал со наводите на словенечкиот портал кој денеска изнесе сериозни индиции за вмешаност на Унгарија и Словенија во пропагандата против Преспанскиот договор, не може а повторно да не се наметне темата за лажните вести, црната пропаганда и говорот на омразата.
Токму затоа ЦИВИЛ во четврток организира панел дискусија „Хирбидните закани врз демократијата“ каде ќе проговориме за овие појави и процеси како огромна закана врз демократијата на земјата.
ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: И правда за сите…
Политичко-разузнавачки-медиумски скандал, пазарања за Законот за Јавно обвинителство и веќе редовните препукувања на техничката влада го одбележаа денешниот ден.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Викендов во Струмица ЦИВИЛ одржа семинар за транспарентни и одговорни политички процеси на кој учествуваа граѓанки и граѓани од Југоисточниот регион.
Во тек е формирањето на комисијата која ќе ги разгледува апликациите за долгорочните набљудувачи. Аплицирањето за краткорочните набљудувачи е се уште во тек. Апликација ТУКА.
СЛОБОДНА ЗОНА
За типот на политичар по мерките на ДУИ и како оваа партија ги подразбира концептите на демократија и плурализам, пишува Арбен Таравари во колумната „Гаргамел, оди си!“.
Џабир Дерала во денешниот рафал „Глутницата на Груевски и Мицкоски“ пишува за партиската милитантна глутница на Груевски и Мицкоски која ги тероризира пратениците што сакаат да гласаат за Законот за јавно обвинителство.
За парламентарните избори, партиските понуди и очекувањата на гласачите во денешната колумна на Зоран Иванов – „Со досадни партиски програми или со авторитетни непартиски кадри“.
„Со нетранспарентни странски пари, префрлани од фирма на фирма низ неколку држави, се финансирала референдумска кампања, во македонскиот медиумски простор. 2 и пол милиони евра, за ширење на антиреферендумски „алуминиум“, лажни вести и дезинформации, омраза“, пишува Петрит Сарачини во денешната колумна „Финансирањето на антиреферендумската кампања со пари од други држави е кривично дело, и кршење на неколку системски закони!“
„Дали, кој и колку милиони евра трошел за напад врз државните интереси? Какви одговори добивме на поставените прашања? Повеќе за ова во рафалот на Џабир Дерала.
Маја Ивановска
во соработка со: Арбен Зеќири, Биљана Јордановска, Ангела Петровска