• Latest

Наместо одговори – спинување

February 10, 2020

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Наместо одговори – спинување

Стигнува вест од словенечки портал дека унгарската влада на Орбан преку Љубљана испраќала пари до медиуми во Македонија блиски до ВМРО-ДПМНЕ, пари кои всушност биле наменети за финансирање на политичка активност во земјата и тоа во време кога се случувале преговорите за Преспанскиот договор. Наместо одговори, добивме бегање и спинување...

February 10, 2020 17:49
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: МАЈА ИВАНОВСКА

Постои еден комуниколошки феномен кој навистина не знам како соодветно би се превел на македонски јазик, а на англиски се нарекува whataboutism (whataboutery). Истиот е поврзан со идејата да се дискредитира соговорникот со тоа што на поставено прашање, наместо одговор, ќе понудите обвинувања за лицемерие, кукавичлук…, или реторичко пренасочување на темата, или наједноставно, наместо да одговорите на одредено прашање вие поставувате прашање „а што со…“, со што се обидувате да го одбегнете одговорот.

Или уште поедноставно, преку секојдневен пример.

Стигнува вест од словенечки портал дека унгарската влада на Орбан преку Љубљана испраќала пари до медиуми во Македонија блиски до ВМРО-ДПМНЕ, пари кои всушност биле наменети за финансирање на политичка активност во земјата и тоа во време кога се случувале преговорите за Преспанскиот договор.

Ја читаш веста и како што е редот во новинарството, почнуваш да вртиш телефони по споменатите медиуми за да ја добиеш и другата страна на приказната. Арно ама, од другата страна, наместо коментар и одговор на поставените прашања, на висок тон добиваш прашање „А зошто твојот шеф не сака да гостува на Алфа ТВ?“. Прашуваш каква врска има тоа со твоето прашање и со темата на разговор. Повторно не добиваш одговор. На крајот одговорот се сведува на „Не можам да коментирам нешто за што појма немам што се случува, ама да му пренесеш на шефот да собере храброст и да гостува во Алфа ТВ“. Прашуваш дали тоа е конечниот одговор на твоето прашање и соговорникот ти вели да.

Седнуваш да пишуваш, ги пренесуваш наводите на словенечкиот портал и конечниот одговор на соговорникот. Објавуваш. Добиваш реакција од истиот соговорник, која повторно не се однесува на темата, туку на неговата болка, за шефот де! А да, и фотографијата. Таа не му се допаднала. О.К. Му ја пренесуваш реакцијата без одговор и менуваш фотографија. Молк. Појасно здравје!

Патем, не очекувам дека лик како Момироски којшто не е навикнат да функционира поинаку освен по директива да го разбере тоа што го прави. Како ни тоа дека моето прашање ама нема баш никаква врска со гостувањето на Дерала во Алфа ТВ. Его трип кој себе си се доживува како материјал на кој некој би можел да изгради кариера нема капацитет за такво нешто.

 


БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК и ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.

Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Tags: spinАлфа ТВМомироскипропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ