• Latest
Македонските национални телевизии

11 јуни: 175 нови заболени од КОВИД-19, утре обраќање на Пендаровски, Владата ќе обезбеди придонеси на плата за медиумски работници

June 11, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

11 јуни: 175 нови заболени од КОВИД-19, утре обраќање на Пендаровски, Владата ќе обезбеди придонеси на плата за медиумски работници

June 11, 2020 16:47
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Македонските национални телевизии
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата ќе обезбеди покривање придонеси на плата за новинарите и медиумските работници

Владата, по консултации со ССНМ, донела одлука да обезбедат средства за целосно покривање на придонесите на плата на вработените во медиумите, вклучувајќи ги телевизиските и радио дифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали.

Мерката ќе може да ја искористат само медиумите кои не отпуштиле ниту еден работник, а нема да смеат ниту додека ја користат субвенцијата, кои ќе ги вратат на првичното ниво платите намалени поради кризата и кои имаат најмалку тројца постојано вработени, нагласи вицепремиерот Бујар Османи.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на КОВИД-19, петмина починати и 18 оздравени.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во Охрид на семејна прослава со 200 гости, 8 се позитивни на КОВИД-19, а 40 контакти се во изолација, на свадба во Скопје со 100 присутни, 14 се позитивни, но надлежните имаат проблем со соработката на присутните, кои не кажуваат точни информации.

Претседателот на државата Стево Пендаровски утре ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, евентуална лидерска средба, и за изборите.

ОЈО Скопје ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Општина Сарај за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата.

ДИК ја очекува официјално Уредбата со законска сила донесена синоќа од техничката Влада, со која се продолжуваат изборните дејствија за предвремените парламентарни избори.

„Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани, 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија“, напиша Оливер Спасовски на Фејсбук.

Османи оптимист за договор, ВМРО-ДПМНЕ калкулира, ДИК чека владина Уредба за избори

Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ засега останува на своите ставови во врска со предвремените парламентарни избори. По синоќешната владина Уредба за продолжување на изборните дејствија за изборите, партијата за МИА нагласува дека за нив е најважно здравјето на граѓаните.

Советникот на ДУИ во Ресен преминува во Движењето БЕСА

Единствениот советник Албанец избран во листата на ДУИ во Ресен од денес ќе ги претставува политиките на Движењето БЕСА.

Албански премиер во договор со ВМРО?!

Сашо Орданоски

Можно е јас нешто и да сум пропуштил, но не видов некоја значајна – всушност, не видов никаква – реакција од страна на опозицијата по повод најавата на Али Ахмети дека ќе инсистира новиот премиер на следната влада да биде Албанец?! Не е таа изјава секојдневна, за така очигледно политички да се одмолчи…

Не е само ВМРО-ДПМНЕ кое е единствениот политички фактор во земјава што нема став за таа работа, туку ни еден од македонските десничарски колумнисти и коментатори, како по некаков договор, деновиве не напишаа ни еден став за таа значајна најава на ДУИ. А меѓу тие коментатори има доволен број на македонски националистички хистерици (башка, сите големи експерти за епидемиологија) кои и за многу подребни „национални“ провокации знаеле да се размавтаат со кубури и барјаци, повикувајќи на национални востанија и меѓунационални пресметки.

А. Петровска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ