• Latest

12 мај, вонредна состојба ден 54: Лидерска средба без договор за избори, олабавување на мерките, 10 нови случаи на КОВИД-19…

May 12, 2020

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

12 мај, вонредна состојба ден 54: Лидерска средба без договор за избори, олабавување на мерките, 10 нови случаи на КОВИД-19…

May 12, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Лидерска средба, нема договор за датум за избори

На почетокот на наредната недела ќе има уште една лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски. Тоа е единствениот договор постигнат на денешната лидерска средба кај претседателот на државата.

Договор за нов датум за парламентарни избори на оваа средба немало, соопштија дел од лидерите кои присуствуваа на средбата. Било договорено од Комисијата за заразни болести и од Државната изборна комисија (ДИК) да бидат побарани дополнителни информации за можноста за организирање избори, како и информација дали и кога во земјата ќе можат да допатуваат претставниците на ОБСЕ/ОДИХР.

На средбата присуствуваа претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА. На средбата беа и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Главна тема на лидерската средба беше терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на КОВИД-19.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Филипче: Почит за медицинските сестри кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук им го честиташе Светскиот ден на медицинските сестри и им заблагодарува за нивниот ангажман особено во периодот на борба со коронавирусот.

„Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот“, напиша Филипче на Фејсбук.

БЕЗ ФИЛТЕР: Лидерските средби, меѓу одговорноста, опортунизмот и демократијата (видео колумна)

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА 

Регистрирани се пет оздравени пациенти и тоа во Скопје и во Неготино. Потврдени се 10 нови случаи со КОВИД-19 и тоа во Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1 и Велес-1. На Клиниката за инфективни болести почина 60-годишен пациент од Делчево, кој имаше и малигни болести. Вкупно дијагностицитани од почетокот на епидемијата, досега, во државава се 1.674, оздравени се 1.205, починати 92, а активни се 377 случаи.

*

Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“ во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и против А.Р.(43) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

*

Во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 20 лица, а за останатите се земени податоци по што ќе следуваат соодветни мерки

Во текот на изминатото деноноќие, информираат од МВР, на територијата на државата на 10 лица им се издадени решенија за изолација, а 72 лица потпишале изјави за самоизолација.

*

Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп  поднесе четири предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираа од ОЈО Припел.

*

Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која истекува на 16-ти мај.

*

Оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници, органи за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност, и затворени трговски центри односно молови без угостителска дејност, како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои целосно ги подготвија капацитетите.

*

Согласно сегашната состојба, како што беше дискутирано на состанокот на Комисијата за заразни болести, во следните два месеци очекуваме значајно намалување на ширењето на коронавирусот. Нешто што очекуваме да придонесе се и високите температури во смисла на ослабнување на вирусот и намалување на неговиот пренос, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче по образложувањето на предлог-планот за олеснување на рестриктивните мерки кои Комисијата за заразни болести ги достави до Владата, која ќе го разгледа денеска на седница.

*

Засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

*

Пред нас е стабилен период во кој епидемијата е под контрола. Рестриктивните мерки што ги презедовме дадоа резултати и здравствениот систем е во можност да менаџира. Трендот на намалување на случаи продолжува, иако изминатите неколку денови имаше варијација и зголемен број случаи. Добро е тоа што најголем дел од нив се поврзани со два настана еден во Тетово и еден во околината на Скопје, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали има услови да се одржат избори во јуни.

*

Министерот за здравство Венко Филипче очекува во следните две недели да почнат со нормално функционирање сите клиники и болници.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Со изложба насловена „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“ македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс дистрикт 132, денеска, го одбележаа Светскиот ден на сестринството.

*

Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук им го честиташе 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, изразувајќи благодарност на медицинските сестри во нашата земја и низ целиот свет за нивната храброст и посветеност, заради кои, како што посочува, надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19, стануваат пореални и остварливи.

*

Денеска на Меѓународниот ден на медицинските сестри, им ја упатуваме нашата огромна благодарност и поддршка на најголемата група на здравствени работници, кои секогаш во првите редови се грижат за здравствените потреби на поединците и заедниците, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.

*

Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Како што информираат од УЈП, во ова прво тримесечје од годината скенирани се  49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари.

*

Градоначалникот на скопската Општина Центар, постапувајќи во повторна постапка, донесе решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на улица „11-ти Октомври“ ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ – Скопје.

*

Техничкиот преглед на автобусот на компанијата Дурмо Турс, кој беше дел од големата сoобраќајна несреќа во близина на село Ласкарци, не бил реализиран според стандардните процедури

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Не успевам да се сетам на ни една друга издржана причина заради која верскиве заедници инсистираат на кршење на здравствените мерки против групно собирање на нивните вернички пастви, освен да е тоа некако врзано за падот на приходите на нивните верски институции…“, пишува Сашо Орданоски во неговата колумна „Верски и политички кабаетлии“.

„Нова средба на племенски старешини, пардон, партиски лидери. Нови лулиња на мирот, пардон, договори. И започнуваме уште еден сложен ритуал, пардон, избори. Закажаната средба на партиски лидери, нефункционирањето на Собранието, отсуството на контрола над власта, јасно зборува за тоа дека Република Северна Македонија не е демократска држава. Република Северна Македонија е држава во која се изведуваат ритуали кои имитираат демократија“, пишува Мирјана Најческа „За демократијата, племињата и магарињата“.

„Македонската политичка култура е исполнета со интересни феномени кои не секогаш се среќаваат во земјите со развиена демократија. Еден од македонските политички специјалитети, освен честите предвремени парламентарни избори, е културата на лидерските средби“, пишува Џабир Дерала во „Меѓу одговорноста, концентрацијата на моќта и амнестијата на криминалот“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ