Министерот за здравство на својот Фејсбук профил информираше дека денешната бројка на заболени со корона вирус во земјава е 26 пациенти.
„Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите се 3-ца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контрони тестови кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна“, вели министерот Филипче.
Министерот ќе одржи прес-конференција во 14 часот, каде ќе изнесе подетални информации за ситуацијата.