• Latest

14 мај, вонредна состојба, ден 56: Изработен Протокол за изборниот процес, ДИК ќе ги слуша здравствените власти, мора да се обработи Избирачкиот список…

May 14, 2020

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

14 мај, вонредна состојба, ден 56: Изработен Протокол за изборниот процес, ДИК ќе ги слуша здравствените власти, мора да се обработи Избирачкиот список…

May 14, 2020 17:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Изготвен Протокол за изборниот процес – задолжително заштитна маска, физичка дистанца и дезинфекција

Комисијата за заразни болести изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето. Задолжително ќе биде носењето на заштитна маска, држењето на физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрувањето на просториите.

Министерот за здравство Венко Филипче очекува сите политички субјекти да ги почитуваат одредбите од Протоколот.

„Овој протокол беше едногласно поддржан од сите членови на Комисијата за заразни болести и тој мора да се спроведува целосно, без исклучоци за да се заштити здравјето на граѓаните. Сите лидери на политичките партии на лидерската средба се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место и затоа очекувам дека сите партии, нивните членови и учесниците во изборниот процес ќе го почитуваат овој Протокол. Протоколот произлегува од генералните препораки за заштита на граѓаните од Ковид 19 кои во овој момент се на сила и ќе останат во сила и во наредниот период“, рече Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Протоколот, како што рече Филипче, е направен на барање на претседателот на државата, како резултат на заклучоците од последната лидерска средба. Во Протоколот не е наведено кога ќе се одржат изборите, тоа е нешто што ќе го договорат лидерите на средбата кај претседателот.

Дополнително, Протоколот предвидува мерки и ограничувања кои прецизно го регулираат начинот на кампањата, партиските активности и собирите. Составен е од четири дела во кои се опфатени предизборните активности, спроведувањето на кампањата, одржувањето на партиските состаноци и денот на изборите.

На денот на изборите, сите членови на избирачките одбори и набљудувачите мора да носат заштитна опрема, да седат во простории со отворени прозорци или често да ја проветруваат просторијата. На секое избирачко место мора да има средства за дезинфекција, а гласачите да бидат на растојание од два метри и пред да влезат на гласање да ги дезинфицираат рацете. Маската треба да ја тргнат кратко само заради идентификација, а по гласањето повторно треба да направат дезинфекција на рацете.

– Во просторијата никогаш да нема поголем број на гласачи од боксовите за гласање. Доколку постои можност, за што треба да се консултира ДИК, се препорачува зголемување на времето на гласање за два часа за да се избегнат поголеми гужви, истакна Филипче.

Во предизборниот период се препорачува сите активности да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од еден ипол до два метри, задолжително носење заштитна маска на устата и носот и задолжително често миење на рацете.

При одржување на собирите, препорака е да се почитуваат сите овие мерки, да се води сметка за бројот на учесници и да се користат разгласни уреди за да се избегне поголема концентрација на луѓе на едно место. Кампањата „врата на врата“ да се реализира со заштитна опрема и физичка дистанца и да не се влегува во домаќинствата, туку само до врата или двор.

Партиските состаноци да се одвиваат на отворено доколку има можност за тоа, а во затворени простории да се почитуваат општите препораки за заштита и да се останува најмногу два часа по што треба да се изврши проветрување. Мобилните штандови за рекламен материјал да немаат повеќе од двајца активисти на еден штанд, а партискаиот превоз да се одвива со средствата за јавен превоз со максимум 50 проценти пополнет капацитет. Притоа, задолжително е носењето заштитна маска, а превозниците треба да обезбедат средства за дезинфекција.

Протоколот ќе биде доставен до претседателот на државата Стево Пендаровски и до премиерот Оливер Спасовски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Утрински брифинг: ЦИВИЛ со интензивен мониторинг и во време на пандемија

Во денешната програма на „Утрински брифинг“ Маја Ивановска од ЦИВИЛ зборуваше за најновите активности на организацијата во изборен контекст.

„Без разлика на моменталната ситуација и одложувањето на изборите поради пандемијата од КОВИД-19, ЦИВИЛ продолжи со своите активности кои вклучуваат долгорочен мониторинг на изборите. ЦИВИЛ има обезбедено средства за 220 набљудувачи. Ако до вчера беа ангажирани 19, веќе од денеска имаме 24 долгорочни набљудувачи. Долгорочниот мониторинг се спроведува согласно методологијата која е воспоставена во 2008 година, кога за прв пат започнавме со мониторинг на изборните процеси во земјата и таа методологија постојано се развива и надоградува согласно промените кои се случуваат во нашата држава, а нив ги има многу“, изјави Ивановска за Утрински брифинг.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба за нови 30 денови или помалку.

„Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплемантацијата на вакви препораки и во периодот кој што следи“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

*

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени 29 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу (девет) се во Скопје, шест во  Прилеп, пет во Тетово, по двајца во Струга, Велес, Битола и Охрид и еден дијагностициран во Куманово. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал шест оздравени пациенти – тројца во Велес и по еден во Штип, Гостивар и Кочани.

*

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека скринингот во градинките денеска и официјално е почнат. Сепак, како што истакна, додека не се сигурни дека вработените се негативни на брисевите, нема да се носи одлука установите да се отворат. Тој појасни дека вчера се направени и финалните подготовки, а од денеска веќе се регрутирани вработените во градинките кои ќе бидат тестирани.

*

Вкупно 42 лица на ниво на целата држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што сеприведени 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Како што информира денеска МВР, евидентирани се 25 лица што ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски во интервју за „Утрински брифинг“ кажа дека избори мора да има, и дека ДИК ќе се прилагодува на препораките на здравствените комисии. Тој укажува и на потребата од повторна обработка на Избирачкиот список.

„Избирачкиот список, кога и да се изборите, ќе го добиеме во иста форма како што го добиваме секогаш откако ќе го дознаеме денот на изборите. Добиваме суров материјал, наредниот ден се декриптира. Затоа велат дека за оваа операција се потребни помеѓу 45 и 50 дена. Јас ги разбирам политичарите и нивните мотиви, но јас морам да го почитувам законот. Јас како претседател на ДИК можам да бидам надгласан од другите членови на Комисијата, но Избирачкиот список се потпишува од сите членови на Комисијата и откако сите ќе се потпишат се заклучува и со тој список се оди на избори. Јас таков список нема да потпишам“, изјави Дерковски.

*

„Уште на почетокот кога беа закажани вонредните избори бев против тоа, заради тоа што мислам дека нашата држава и нашите граѓани се веќе уморни од толку интензивни изборни циклуси. Се губи смислата на изборите односно изборите стануваат цел сами за себе а не алатка за достигнување на одредена структура која што би управувала со државата во одреден момент и граѓаните едноставно се исцрпуваат цело време со нови и нови избори. Некако партиите како да научија како да бидат дел од изборните активности меѓутоа го изгубија оној момент како да станат дел од државата“, изјави професорката Мирјана Најчевска во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

*

„Постигнувањето согласност на Европскиот совет за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија требаше да се случи одамна. Тоа е во интерес на ЕУ како целина, но особено во интерес на соседните држави на ЕУ во регионот. Би било сега грешка овој успех да се уништи со политизација на историските дадености. За историските прашања мора да се разговара, може и контроверзно да се дискутира за нив. Но, тие не им припаѓаат на политичките процеси кои ги решаваат проблемите на сегашноста и мора одговорно да се насочени кон иднината“, изјави во интервју за МИА германскиот амбасадор Томас Герберих.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала во својот рафал „Пердуви летаат околу тронот на Мицкоски“ пишува: „Најдолги канџи пуштил Антонио Милошоски. Тој му е директно спротивставен на Александар Керозин Николоски. Тие ги острат своите политички сечила подолго време, а деновиве забрзано се спремаат за конечна пресметка по изборниот пораз кој очекуваат да го доживее партијата под водство на Мицкоски. Јавноста имаше можност да забележи дека овие двајца се натпреваруваат во јавните настапи да настапуваат порадикално и од самиот Мицкоски, а често и со ставови сосема спротивни на неговите.

*

Сашо Орданоски во колумната „Дали Шерлок Холмс не е во право?“ пишува: „Човек ќе рече, па, добро, две недели порано или подоцна од втората половина на јуни, што како изборни датуми ги предлага власта, каква суштинска разлика прави тоа?

Но, паралелно со ваквите датумски пазарења, севкупната опозициска пропаганда во последните недела-две интензивно се занимава со броење мртви од коронава, се користат – а ги има колку сакаш – сите светски извори на застрашувачки сценарија и катастрофични епидемиолошки прогнози, морничавите статистики се растегнуваат до крајните точки на разумна издржливост, а лидерот на опозицијата, со силен хуманитарен и морален набој, неколку пати упадливо инсистира дека, ако треба и еден заразен да почине заради изборите, тој не би ја прифатил должноста да стане премиер… Хмммммм… Кој ли може да му издаде таква изборна гаранција на лидерот на опозицијата, за нему да му се чини прифатлива!?

*

Маја Ивановска во колумната „За загрижените за јавното и здравјето на граѓаните…“ пишува: Постојат и други начини на кои партиите може да стигнат до своите потенцијални гласачи, а дел од нив имавме можност да ги видиме додека трае оваа вонредна состојба. Затоа, предлагам Комисијата за заразни болести да ја ревидира својата одлука и подготвениот протокол, не по мерка на партиите, туку по мерка на оние заради кои партиите влегуваат во изборен процес!

*

Џевдет Хајредини поентира: „Од составот на кандидатските листи на некои партии, може да бидеме сигурни дека и во идниот Парламент ќе имаме повеќе пратеници со “бомби” и досиеја.

*

„Не треба да им се верува дека здравјето на граѓаните им е врвен приоритет на тие што, наместо на власт, треба да одат во затвор“.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ