• Latest

15 мај, вонредна состојба, ден 57: Уште 14 дена вонредна состојба, ДКСК ќе ги следи донациите во време на криза, засилен изборен мониторинг на ЦИВИЛ…

May 15, 2020

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

15 мај, вонредна состојба, ден 57: Уште 14 дена вонредна состојба, ДКСК ќе ги следи донациите во време на криза, засилен изборен мониторинг на ЦИВИЛ…

May 15, 2020 17:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДКСК ќе постапува по добиените информации за Ден Дончев, за примање на средства додека ја вршел јавната функција

По добиени информации за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, за примање на средства од странска компанија додека вршел јавна функција, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да постапува согласно своите законски надлежности.

ДКСК на денешната седница одлучи да поднесе иницијатива до Владата на Република Северна Македонија за утврдување на одговорност на директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти во врска со неправилности во работењето.

ДКСК, исто така, ги анализираше информациите кои надлежните институции ги доставија во врска со донациите и странската помош за справување со пандемија со COVID-19 и договори состанок со Инспекцискиот Совет со цел натамошно постапување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ивановска: Договоривме средба со директорката на Инспекцискиот совет за донациите во време на криза

„На седницата на ДКСК, првото прашање се однесуваше на донациите во време на криза. Како што знаете ДКСК веќе го следи ова прашање со донациите и до надлежните институции достави барање за потребни информации, до Управата за јавни приходи, Царинска управа, Министерството за правда, Министерството за здравство и Секретаријатот за европски прашања. Од сите информации што ги добивме направивме една база на податоци од која видовме дека најголем број на донации се слеани во Министерството за здравство. Ќе го следиме текот на донациите и договоривме веќе средба со директорката на Инспекцискиот совет за следните активности како ќе постапуваме во тој дел заедно со инспекторите“, изјави Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси, на денешната прес конференција.

БЕЗ ФИЛТЕР: Кој и зошто промовира ризично однесување во однос на коронавирусот? (видео колумна)

Премногу сличности има меѓу неодговорното однесување на поединци и дел од министрите на техничката влада и партијата на која ѝ припаѓаат.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти: Скопје 7, Куманово 6, Прилеп 2 и Велес 1. Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на КОВИД-19.

*

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) апелира на национално ниво да се иницира ревизија на Проценките на ризик на сите работни места каде што има опасност од заразување на вработени лица со новиот корона вирус. Исто така, професионалното заболување КОВИД-19, настанато од новиот корона вирус, треба да биде признаено за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести.

*

Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на корона вирусот, напиша денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Одговорите, посочува министерот, ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус. Прашалникот може да се пополни на следниот ЛИНК

*

Кумановската болница доставила план до Министерството за здравство за почнување со работа на амбулантите, информираа денеска, надлежните од јавната здравствена установа. Планот е доставен до електронскиот систем „Мој термин“.

*

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

*

„Преку мерката 14.500 денари по вработен исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми“, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

*

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година.

*

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска учествуваше на вонредниот самит на Централно европската иницијатива посветена на договорите за соработка против пандемијата од КОВИД-19.

*

Владата го дополни и усвои протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница за избрани функционери вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерствата, државјани на Република Северна Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.

*

По состанокот со Советот за безбедност, свикан по предлог на Владата и Комисијата за заразни болести, во однос на продолжување на вонредната состојба, претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба низ целата земја за уште 14 дена.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ го интензивира изборниот мониторинг

ЦИВИЛ соопштува дека донесе одлука од денеска да го засили изборниот мониторинг. Ќе се реактивираат и дел од долгорочните набљудувачи кои беа деактивирани поради одложувањето на датумот за избори, по избивањето на кризата со коронавирусот. Сите заедно, во структурата на Организацијата, ќе добијат дополнителни насоки за мониторинг на изборниот процес во претстојниот период.

СЛОБОДНА ЗОНА

„МВРО-ВМРО. Уредувањето на целиот дел од ГТЦ до плоштад, со дрвореди, клупи, канделабри, плочници и голем тревник… го претставија лажно како „еден тревник за 500.000 евра“ и дигнаа цела медиумска хајка од три дена“, за Лудаците и тревникот на плоштад пишува Петрит Сарачини

„ Не се менуваат луѓето кои доаѓаат на одредена позиција и не прават компромис меѓу своите идеали и реалните можности. Само се симнува маската која ја носеле тие луѓе пред да дојдат на соодветната позиција“, „Симнување на маските“ на Мирјана Најчевска.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ