• Latest

1,5 милион буџетски евра месечно за минимална плата од 12.000 денари!

September 19, 2017

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

1,5 милион буџетски евра месечно за минимална плата од 12.000 денари!

September 19, 2017 16:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за зголемување на минималната плата, со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата во износ од 12.000 денари, на вчерашната седница на Собранието на Република Македонија беше изгласан со 70 гласа „за“, без воздржани и против. 

Со месечно издвојување на 1.5 милиони евра буџетски средства, се очекува сите работници, вклучително и вработените  во кожарската, текстилната и индустријата за обувки да добиваат месечна плата од минимум 12.000 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека законот е наменет за предизборни цели, со цел СДСМ да ја придобие работничката класа за локалните избори.

СДСМ ги негираше овие обвинувања, пред сѐ, затоа што и овој закон е дел од Планот 3-6-9, за подобрување на социјалната слика во земјата, што за нив, како лево ориентирана партија, е приоритет.

Седницата помина со меѓусебни препукувања, збор земаа триесетина пратеници, а опозицијата на крајот, реши да го поддржи Законот за минимална плата.

На својот Фејсбук профил, еден од иницијаторите на овој закон, професорот Бранимир Јовановиќ, изјави дека ова зголемување го смета и за мал личен успех.

„Останува мала горчина заради тоа што не се укина одредбата со која минималната плата важи само за оние работници кои ќе ја исполнат нормата, одредба која честопати се злоупотребуваше за на работниците да им се исплаќа плата пониска од минималната… Сепак, веројатно ќе беше премногу и да се зголеми минималната плата за 30% и да се укине нормата. Дополнителна утеха е и тоа што сега, нормата нема да може да се постави без согласност од работниците… Напорите во наредниот период, и на синдикатите, и на сите борци за работнички права, ќе треба да бидат фокусирани на ова, на укинувањето на одредбата за нормата“, стои во статусот на Јовановиќ.

За тоа, што всушност, мислат самите работници кои секојдневно се борат за своите права и дали во пракса сите ќе бидат изедначени или пак, постои шанса за манипулација со законските одредби, посебно со одредбата за исполнување на нормата за да се добие минималец од 12.000 денари, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Кристина Ампева од здружението „Гласен текстилец“.

„За нас, како активисти и работници од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, вчера беше разочарување, што и покрај сите наши заложби, остана ‘учинокот’ во новиот закон за минимална плата. Знаејќи ја ситуацијата од изминатите години, експлоатацијата и манипулацијата врз овие работници (со секоја чест на ретки исклучоци), се надеваме дека нашите стравови ќе бидат неоправдани…

Се надеваме дека законот ќе се имплементира онака како што Владата го има замислено, за добробит на работниците. Ние остануваме будно да ја следиме состојбата при исплатата на платите. Ќе алармираме за секое прекршување како и досега. За имплементирањето на законот, очекуваме дека институциите ќе се заземат и ќе ги засилат контролите, сѐ со цел – спречување на евентуална манипулација со учинокот. ‘Гласен Текстилец’ продолжува со работа за заштита на правата на овие работници, и еве, испраќаме апел до институциите и работодавачите, да се придржуваат до законите“, изјави Ампева за ЦИВИЛ Медиа.

Останува прашањето колкумина од околу 130.000 работници, ќе успеат на први и да ја добијат минималната плата од 12.000 денари?

Биљана Јордановска

 

 

 

Tags: „Гласен текстилец“Бранимир ЈовановиќзаконКристина Ампеваминимална платанормаучинок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ