Направи разлика: Почитувај ги различностите е иницијатива на ЦИВИЛ за промоција на различностите и европските вредности, кој се спроведува од почетокот на март годинава (2021). И со овој проект, ЦИВИЛ, заедно со големиот број учеснички и учесници, дава придонес кон изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет.
Овој проект е продолжение на иницијативата „Обединети во различноста“ која ЦИВИЛ ја започна минатата година, но воедно е и продолжение на нашите заложби, стари колку и нашата организација (22 години).
Јавни личности, уметници, активисти и интелектуалци говорат и пишуваат за богатството на нашето општество кое го носат различностите и европските вредности, како што се почитувањето на човековите права и слободи, слободата, еднаквоста и правдата.
Како и секогаш, ЦИВИЛ е отворен кон прилозите на сите граѓанки и граѓани кои можат да го искажат своето мислење или да испратат свои креативни трудови со пораки за почитување на различностите и промоција на европските вредности.
Тимот на ЦИВИЛ од почетокот на иницијативата подготвува прилози за тоа како различностите придонесуваат кон прогресот на заедниците и целото општество од различни аспекти, на културен, економски и образовен план. Во бизнисот, компаниите во кои се негуваат и почитуваат различностите, се поуспешни, тимовите се мотивирани и креативни, а профитите постојано растат. И во политиката, почитувањето на различностите придонесува кон градење на силно, прогресивно и среќно општество.
Иницијативата Направи разлика: Почитувај ги различностите обединува голем број луѓе, како преку медиумските содржини на ЦИВИЛ, така и со настаните кои се организираат во текот на целата година (во формат соодветен на мерките за заштита од Ковид-19).
Проектот се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.
ЦИВИЛ Тим за комуникации