• Latest
Photo by Matt Botsford on Unsplash

Изјави на денот: Заев, Рама, Маричиќ, Дерала…

June 23, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Изјави на денот: Заев, Рама, Маричиќ, Дерала…

June 23, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Matt Botsford on Unsplash

Photo by Matt Botsford on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Од денешните изјави издвојуваме: Заев и Рама за европските манири, Дерала за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, Маричиќ за изборните реформи…

Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не!

„Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не. Нашите народи и влади, среде Балкан, демонстрираат европски манири – забрзано ги тргаме пречките и границите меѓу нас, за граѓаните, услугите и стоките да ни се движат слободно. Имаме заеднички идеи, предизвици и култури со нашите братски народи од регионот.

И тука сме со премиерот Рама да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите. Имаме пораки и за нашите граѓани, и за европските граѓани, и за домашните и за европските политичари – алармот е вклучен, суштината и вредностите на Европската Унија се доведени во прашање. Европските вредности се заеднички за земјите од ЕУ, но и за земјите кандидатки за членство кои ги прифатија и ги развиваат“, истакна премиерот Зоран Заев, на Првиот Економски Форум во Скопје.

„За мене, всушност, во овaа точка имаме една непроблематична разлика со Зоран, бидејќи, за мене не се случи ништо друго, освен тоа што ЕУ потфрли повторно да го одржи ветувањето, да остане посветена на аганжманот и да биде на вистинскиот став. Животот продолжува и напредокот ќе продолжи со сите сили, затоа што тој не е наметнат однадвор, туку е наметнат од нас внатре“ рече премиерот Еди Рама.

Маричиќ: Како министерство за правда ќе негуваме институционален дијалог

Изборите се вечна тема кај нас, особено во изборни години. Оваа година во очи на изборите да направиме нови препораки и се што може да го подобри изборниот процес на Република Северна Македонија, и да го направи подобар и поблизок до граѓаните, а со тоа да ги мотивираме граѓаните да учествуваат во изборите, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ на конференцијата на ЦИВИЛ за изборните реформи.

„Како министерство за правда ќе негуваме институционален дијалог. Кај нас веќе има група која работи на измените на изборниот законик, и веќе направивме една, системот за верификација, со отпечатокот од прст. Едногласно во собранието и со поддршка од скоро сите пратеници беше изгласана измената за фингерпринт. За прв пат тоа ќе се случи кај нас, и е многу голема одговорност за ДИК. Многу одговорно се вклучија во спроведувањето на овој процес и се надевам дека така и ќе продолжи. Процесот на воведување на отпечатокот на прст не е евтин и затоа владата одвои средства. Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе се набават апаратите и ќе се обучат луѓето, како исправно би се спровел изборите.  Очекуваме голем ангажман на дик и на медиумите како и на сите институции“, рече Маричиќ.

Дерала: Препораките од големите институции се засноваат на нашите сознанија, извештаи и комуникацијата со гласачите

Државата има обврска да обезбеди максимални услови за искористување на правото на глас на секоја граѓанка и граѓанин – беше категоричен претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во своето излагање на  конференцијата „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, што се одржа на 23 јуни 2021. Тој откри неколку детали за начинот на кој ЦИВИЛ се ангажира во изборните процеси и во изборните реформи.

Во врска со изборните реформи, Дерала истакна дека „процесот треба да биде соодветен на капацитетите и потребите на институциите, а уште повеќе на граѓанките и граѓаните“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ