• Latest

Дерала: Државата има обврска да обезбеди максимални услови за искористување на правото на глас на сите подеднакво

June 23, 2021

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала: Државата има обврска да обезбеди максимални услови за искористување на правото на глас на сите подеднакво

June 23, 2021 14:43
in ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државата има обврска да обезбеди максимални услови за искористување на правото на глас на секоја граѓанка и секој граѓанин – беше категоричен претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во своето излагање на  конференцијата „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, што се одржа на 23 јуни 2021. Тој откри неколку детали за начинот на кој ЦИВИЛ се ангажира во изборните процеси и во изборните реформи.

„Активностите на Цивил во рамките на изборните процеси е прилично комплексна активност во најмалку три области, и ги работат посебни тимови. Мониторингот на ЦИВИЛ мора да биде добро заштитен и сосема независен од сите останати активности на ЦИВИЛ. Граѓанската едукација се однесува на правото на глас, поделено и изолирано од мониторингот. Организацијата продолжува со мониторингот на изборниот процес. Веќе е интензивиран долгорочниот мониторинг на изборите. Повеќе од 12 луѓе веќе активно мониторираат“, открива претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, за време на конференцијата за изборни реформи, што се одржа на 23 јуни 2021.

 

Во врска со изборните реформи, Дерала истакна дека „процесот треба да биде соодветен на капацитетите и потребите на институциите, а уште повеќе на граѓанките и граѓаните“.

Дерала се осврна на работата и на предизивиците поврзани со Државната изборна комисија, оценувајќи дека, наспроти многу сериозните предизвици, сепак, оваа институција успеа добро да се справи со нив и излезе, условно кажано, како победник. Тој додаде дека на ДИК мора да му се овозможи зајакнување на капацитетите, меѓу другото и во поглед на сајбер безбедноста. Дерала напомна дека од онлајн архивата на ДИК недостигаат, на пример, податоците за Референдумот во 2018 година.

„Најголемите меѓународни организации, голем дел од своите констатации анализи и извештаи ги прават врз основа на тоа што домашните експерти го кажуваат. Политичките партии имаат сериозен експертски капацитет но имајте предвид, дека многу сериозен дел од тоа што го кажуваат големите институции се заснова на нашите сознанија, извештаи и комуникацијата со гласачите.“ – изјави, меѓу другото, Дерала од ЦИВИЛ.

„На денот на гласањето истрчуваме на терен со 300 мобилни набљудувачи. Секој од нашите набљудувачи покрива 5-15 избирачки места, што значи дека голем дел од нашата земја ќе го покриеме ние. На тој ден имаме и екстра екипи кои ја проверуваат веродостојноста на извештаите на нашите набљудувачи“, соопшти Дерала.

И. Крџиќ

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ