Руски вооружени формации извршија воздушен напад врз воена единица во селото Липецке, регионот Одеса, при што загинаа 18 лица, пренесува Укринформ.
Русија до 13 часот извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот на украинската армија, што го пренесуваат агенции.
„Вооружените сили на агресорот извршија повеќе од 30 напади со крстосувачки ракети „калибер“, а извршија и повеќе ракетни напади. Во нападите учествуваа авијацијата и артилеријата, чија цел беше цивилната и воената инфраструктура во Украина“, соопшти Генералштабот.
Се додава дека „непријателот ја продолжува офанзивата од воздух, како и дека ја преминал украинската граница во правците Аријанск-Херсон, Чаплинка-Каховка“.
Според украинскиот Генералштаб, забележена е засилена активност на диверзантско-извидувачки групи во оперативната област Бесарабија и во Црноморската оперативна зона на Украина.
Поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции.
Оперативно-тактичките групи водат одбранбени борби во сите правци во кои непријателот напредува“, се додава во соопштението на Генералштабот на украинската армија во Киев.
Петмина загинати при уривање на авион на украинската армија во регионот на Киев . Министерството за внатрешни работи
Авион на украинските вооружени сили се урна во регионот на Киев, при што загинаа пет лица.
Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот.
Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски сили.