• Latest

19 септември: СЈО, обвинители, ребаланс на буџет, одложено судење…

September 19, 2019
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

24 ЧАСА: Смрт на улиците – нема крај на фаталните сообраќајки; Нетанјаху се жали – синот ја откажал свадбата поради ракетните напади; Додик слободно шета низ Русија; Холандија ја призна советската депортација на Кримските Татари како геноцид

June 20, 2025

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

June 20, 2025

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
РЕАКЦИИ МИЈАЛКОВ

РЕАКЦИИ: Платно на очите за правдата, сметка за народот

June 20, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ирански хакери повторно се активираа во Албанија, хакирана страницата општина Тирана; Бериша најави масовни протести; Косовските граѓани сакаат политички консензус

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

„Фамозните“ 2 недели кои толку често ги поставува Трамп како ултиматум, не даваат резултати

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

19 септември: СЈО, обвинители, ребаланс на буџет, одложено судење…

September 19, 2019 15:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уште двајца обвинители од СЈО ќе продолжат да ги застапуваат предметите

Поранешните обвинители во СЈО Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“. Пред  Донев и Јосифовска, уште тројца поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа. Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

СДСМ ги повика сите пратенички групи да го поддржат ребалансот на буџетот со кој се субвенционира растот на платите

Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ, на прес конференција, денеска ги повика сите пратенички групи во Собранието на РСМ да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2019 година кој, според владејачката партија, обезбедува нови придобивки за граѓаните. Според СДСМ, просечната плата порасна за 3,5 отсто. Се бележи раст на БДП од над 3 отсто во првите два квартали од годинава. „Стапката на невработеност е на историски најниски 17,5 отсто“, соопшти Митрески. 

„Талир 2“ одложен за 15 октомври

Судењето за предметот „Талир 2“ се одложува за 15 октомври со цел да се доуреди полномошното на адвокатите. Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е Ленче Ристоска од ОЈО Скопје. Судијката Стојановска, ги извести присутните дека се сметаат за уредно повикани и за наредна расправа да се уреди полномошното и да се повика претставник на ВМРО – ДПМНЕ.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со генералниот директор на ОЛАФ, ВИле Итала, каде зборувале за интензивирањето на соработката меѓу Северна Македонија и Европската канцеларија за борба против измамите (ОЛАФ).

Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, на седницата која ќе се одржи на 26 септември кога на дневен ред ќе се најде точката за нашата апликација.

Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“? – е главното прашање што, во името на СДСМ, ги упати Костадин Костадинов на прес конференција.

Алоцирање на средствата онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми економски ефекти, е целта на предложениот ребаланс на Буџетот, што од денеска е на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

На првиот консултативен состанок на Акциската група за координација на државните институции за борба против дезинформации и напади на демократијата присуствуваа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министри и други високи претставници од институциите.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ЦИВИЛ организира работилница со наслов “Зелена иднина“, посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, која ќе се одржи на 20 септември, во салата на Градската библиотека  – Борка Талески, Прилеп, со почеток од 13 часот.

Работилницата на ЦИВИЛ е можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или пак дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози.

ЦИВИЛ во општините Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Новаци, Могила  и Прилеп, утре и задутре ќе го промовира проектот „Зелена иднина“, кој огранизацијата го спроведува во соработка со Хајрих Бел, Сараево.

ЦИВИЛ најавува нова серија регионални семинари во рамките на проектот Граѓански објектив. Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“. Првиот семинар од серијата ќе се одржи во Штип, а пријавувањето е веќе започнато.  Семинарот носи наслов „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“.

МИСЛА 

Рентата на раскалашениот Хорхе

Безгласната буква во машинеријата на криминалната Фамилија на Груевски, човекот што го споредувавме со украсно растение што се тава во ќошевите по домовите. Или Хорхе, за што се мисли дека е по ликот од комедијата на Монти Пајтон, иако генезата на прекарот е посериозна. Еден мој колега од медиумите го нарекол така, затоа што првиот мандат го доби во стилот на наместените избори во јужноамериканските диктаторски држави, пишува Џабир Дерала.

Право? Правда?

Еден поранешен претседател во една прилика ми рече: „Правниот факултет е извор на сите проблеми во државава“. Не знам дали е така (малку апокалиптично звучи), но и според моево искуство (не само од горните два примери) и од наодите на Прибе, а и од тоа што сите го гледаме секој ден во правосудниот ни систем, дури и ако не прави проблеми (а прави), јасно е дека не продуцира многу решенија на проблемите, пишува Александар Кржаловски.

Ангела Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ