• Latest
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

2022 – Историска година за Северна Македонија, во Брисел започнаа преговорите за полноправно членство ЕУ

January 3, 2023

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

2022 – Историска година за Северна Македонија, во Брисел започнаа преговорите за полноправно членство ЕУ

January 3, 2023 13:02
in ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Како најзначаен настан кој ја одбележа изминатата година, несомнено е оној кога по 17 години кандидатски статус, исчекувања, очекувања, разочарувања, и секако голема борба, Република Северна Македонија, конечно, на 19 јули, сега веќе минатата 2022 година во Брисел ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

На започнувањето на преговорите, кое беше означено со одржување на првата меѓувладина конференција, се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој својата изјава во седиштето на Советот на Европската Унија ја прочита на македонски јазик.

Патот кој го изоде Македонија до започнување на долгоочекуваниот и толку посакуван почеток на преговорите за членство во ЕУ, минатата година беше поплочен со многу премрежија, неизвесности, блокади, деструкции, кои доаѓаа не само однадвор, туку и од внатре во државата.

На ваквиот расплет на настаните му предходеше  изгласувањето на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание. На гласање беше ставен „подобрениот“ француски предлог, откако предходно премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама по завршување на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел соопшти дека Предлогот на француското претседателство за деблокада на нашиот европски пат во таква форма, каква што беше предложена во тој момент, беше неприфатлив.

Пред Владата да го одобри францускиот предлог, Собранието по три дена расправа, со 68 гласа „за“ ги усвои заклучоците за францускиот предлог.

Пред гласањето, пред пратениците во Собранието се обрати Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која во своето обраќање  уверуваше дека македонскиот јазик и идентитет во подобрениот француски предлог воопшто не се доведени во прашање : „Почитувани Македонци, внимателно ја слушав загриженоста во однос на македонскиот јазик и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик без квалификација од ЕУ.“

На чинот на гласање, верни на своето дестриуктивно однесување при носењето на големите државнички одлуки, не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Иако, особено по излагањето на Фондер Лајен им потонаа сите лаги и шпекулации за наводно продавање на јазикот и идентитетот, тие не се откажаа од блокирањето на евроинтегративниот процес, во обид за дестабилизација на државата преку насилни протести против францускиот предлог.

По отсранувањето на бугарското вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција, единствената пречка за европската интеграција на земјава останаа лево-десничаротАпасиев и неговиот заложник, шпицниот градоначалник Мицкоски.

Лагите на Левица и ВМРО ДПМНЕ дека предлогот го брише јазикот, го брише идентитетот, решава историски прашања, беа пропратени со силната реторика на бугарските националистички политичари, како и со отворањето на бугарски клубови со имиња на контроверзни историски личности, имаа(т) за цел да предизвикаат немири и нетрпение кај граѓаните и да ги нарушат евроинтегративните процеси во државата.

Но, со настаните кои следеа по усвојувањето на францускиот предлог во Собранието, отпочнувањето на преговарачкиот процес и скринигот, со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, но и со целото однесување на Европската Унија, каде Северна Македонија е во фокусот на вниманието, овие лаги паднаа во вода.

Tags: БриселдестабилизацијаевроинтеграцииЕУПреговорискрининг процес
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ