• Latest

Путин тврди дека заработува 140.000 долари годишно и дека има стан од 800 квадратни метри, но се проценува дека „тежи“ 200 милијарди долари

March 20, 2022
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Путин тврди дека заработува 140.000 долари годишно и дека има стан од 800 квадратни метри, но се проценува дека „тежи“ 200 милијарди долари

March 20, 2022 13:13
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, КОНТЕКСТ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кремљ тврди дека Путин заработува годишна плата од 140.000 долари. Неговиот јавно обелоденет имот вклучува стан од 800 квадратни метри, приколка и три автомобили.

Најбогатиот човек на светот?

Но, според експертите и истражувачките новинари, тој е можеби најбогатиот човек во светот, со имоти и кеш во вкупна вредност до 200 милијарди долари.

Иако тоа е апсурдна сума на пари за кој било да ги поседува, оваа бројка можеби не е недостижна за Путин. Повеќе медиуми, групи истражувачки новинари и тимот на водечкиот руски опозиционер, Алексеј Навални, сега в затвор, прибраа голем број докази за непрегледното богатство на рускиот милитантен диктатор и воен злосторник, Путин. Голем број стории беа објавени во изминатите 8 години по првата руска инвазија на Украина во 2014 година, меѓу кои е и сторијата на онлајн изданието на списанието Fortune на 2 март 2022.

Во една претходна сторија објавена во истото списание во 2017 година, се проценува дека богатството на Путин е поголемо од оние на Бил Гејтс и Џеф Безос заедно. Но сѐ до бруталната агресија врз Украина во 2022 година, светот молчеше и не направи ништо особено во врска со мистериозното богатење на рускиот претседател кој прикажува релативно скромни примања од државата. Дали санкциите сега ќе допрат и до богатството на Путин, за сега останува непознаница.

Опседнат со скапи часовници

Часовник од половина милион долари?

Путин често се гледа како носи луксузни часовници од висока класа, кои се продаваат за повеќекратно повисоки суми од неговите наводни годишни приходи.

Тој е снимен како го носи часовникот Patek Philippe’s Perpetual Calendar вреден 60.000 долари. Според други извори, тој наводно поседува A. Lange & Sohne Toubograph вреден 500.000 долари, како и други исклучително скапи часовници.

Замокот на Путин за кој се потрошени 1,4 милијарди долари во изградба.

Замок на Црното Море од 1,4 милијарди долари

Постојат индиции дека Путин е сопственик на палата од соништата, со површина од 190.000 квадратни метри што се наоѓа на врвот на карпата што гледа на Црното Море. Овој крајбрежен имот е познат како најголемата приватна резиденција во земјата и служи како негова приватна палата која нагалено е наречена „Селската куќа на Путин“.

Имотот е место за разонода на Путин, палатата е опремена со фрески на плафоните, мермерен базен обложен со статуи на грчки богови, гостинска куќа од 27.000 квадратни метри, бањи со традиционални амами, музички салон, соблекувални за целиот негов персонал, амфитеатар, најсовремено лизгалиште за хокеј, казино во стилот на Вегас, ноќен клуб опремен со шипки за стриптизети, барови со повеќе од вино и алкохолни пијалаци во вредност од преку 100.000 долари, подземна соба за дегустација со поглед на вода и многу повеќе.

Чсовниците од Патек Филип му се омилени на Путин

Држачи за тоалетна хартија од 1.250 долари

Поголемиот дел од замокот, наводно, е украсен од ексклузивен луксузниот италијански бренд Citterio Atena, вклучувајќи софи во стилот на Луј XIV, мебел за трпезарија од 500.000 долари и барска маса од 54.000 долари. Има дури и украсени бањи со фенси италијански тоалетни четки од 850 долари и држачи за тоалетна хартија од 1.250 долари.

Покрај целиот екстравагантен мебел, годишно се трошат 2 милиони долари само за одржување на уредувањето на имотот, со персонал составен од 40 луѓе.

Просторија во една од руските болници за кои Путин одвои 12 милијарди долари во 2005 година за проектот „Здравје“.

Милиони долари од проектот „Здравје“ испрани во корист на Путин лично

Замокот на брегот на Црното Море е дизајниран од италијанскиот архитект Ланфранко Сирило и чинел 1,4 милијарди долари за изградба. Според истражувањето на Ројтерс објавено во мај, 2014 година, парите за овој екстравагантен проект наводно биле испрани преку националниот проект на земјата од 1,3 трилиони рубљи (нешто повеќе од 12 милијарди долари) наречен „Здравје“ кој го нарачал самиот Путин во 2005 година.

„Проектот“ на Путин кој официјално требало да им донесе подобри болници на руските граѓани, се состоел во тоа што државата купувала скапа медицинска опрема од компанија во сопственост на пријателите на Путин, Шамалов и Горелов, по цени далеку повисоки од пазарната цена. Записите покажуваат дека овие двајца испратиле околу 56 милиони долари на сметки во швајцарска банка на компанија во Белизе. Потоа, сметката во Белизе префрлила приближно 48 милиони долари на сметка контролирана од Медеа Инвестмент – компанија контролирана од самиот Сирило.

Пријателите на Путин „заработиле“ 200 милиони долари од проектот „Здравје“

И Москва Тајмс (мај, 2014) објави дека двајцата пријатели на Путин, Николај Шамалов и Дмитриј Горелов, профитирале од државните договори во вредност од околу 200 милиони долари, според царинските документи и банкарските трансакции што ги испитуваше Ројтерс. Шамалов и Горелов поседуваа компанија која снабдуваше медицинска опрема за проектот за федералната болница – инициран од Путин – по цени што медицински специјалисти велат дека биле повеќекратно надуени.

Шамалов и Горелов потоа испратија дел од добивките на сметки во швајцарски банки, покажуваат записите. Од тие сметки парите биле префрлени на сметка во Лихтенштајн поврзана со изградбата на луксузниот имот на Црното Море. Москва Тајмс објави и дека Шамалов, Горелов и Сириљо ги негирале сите наводи.

Кремљ, исто така, негира дека Путин ја поседува црноморската палата, велејќи дека таа му припаѓа на богат бизнисмен. Но, руските аналитичари тоа го нарекуваат бесрамна лага, велејќи дека ниту еден бизнисмен не може да има имот чуван од ФСБ (руската федерална служба за безбедност) со зона на забранети летови над него.

Внатрешноста на еден од авионите на Путин

Имотот на Путин вклучува палати, авиони, хеликоптери и автомобили

Освен Црноморската палата и 19 други големи и луксузни куќи и 700 автомобили, Путин, според наводите во истражувањата, поседува колекција од 58 авиони и хеликоптери, вклучително и авион од 716 милиони долари наречен „Летечкиот Кремљ“, кој има тоалет направен од злато. Не е изненадувачки, со оглед на неговиот вкус за грандиозна, неокласична архитектура.

Според Business Insider, авионите и хеликоптерите кои Путин ги поседува имаат вредност од околу една милијарда долари.

И за да ги задржи неговите опции отворени по копно, воздух или море, тој има и мегајахта од 100 милиони долари дизајнирана од производител на нуклеарни подморници од руската морнарица.

Спална соба во еден од авионите на Путин.

Уцена од 200 милијарди долари

Сумата од 200 милијарди долари беше проценета од финансиерот Бил Браудер, кој во сведочењето пред Комитетот за правосудство на Сенатот на САД во 2017 година, рече дека Путин собрал најголем дел од своето богатство откако московскиот суд го затвори олигархот Михаил Ходорковски во 2003 година за измама и затајување данок.

„По осудата на Ходорковски, другите олигарси отидоа кај Путин и го прашаа што треба да направат за да не седат во ист кафез со Ходорковски. Од она што следеше, се чини дека одговорот на Путин беше „50%“ Тој не рече 50% за руската влада или претседателската администрација на Русија, туку 50% за Владимир Путин лично“ – изјави Браудер.

Згора на сето ова, познатите „Панамски документи“ открија мрежа на тајни офшор зделки и заеми во вредност од 2 милијарди долари кои укажуваат на Путин во 2016 година.

Но, се разбира, Путин ги негира сите овие наводи, само признавајќи сосема различен облик на богатство:

„Јас сум најбогатиот човек, не само во Европа туку и во целиот свет: собирам емоции. Богат сум по тоа што народот на Русија двапати ми го довери раководството на голема нација како што е Русија. Верувам дека тоа е моето најголемото богатство.“

Со сета државна и пропагандна машинерија зад него, со опозиција в затвор или егзекутирана, медиуми и економија под негова цврста контрола, Путин продолжува да се прикажува себе си како скромен човек кој ѝ служи на руската држава.

Подготви: Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ