ЗАЕДНИЧКИ ДОГОВОР ЗА НАБАВКИ -Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија, и го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно имплементира Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.
ПРИВАТЕН СЕКТОР – Владата денеска донесе Измена на уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година, и со овие измени се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми), и се дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година.
КАРАНТИН – Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека лицата кои се во државен карантин и кои за време на викендот треба да го напуштат, на полициските службеници ќе треба да им достават име и презиме на лицето кое ќе треба да ги земе, како и податоци за неговото возило.
АПЛИКАЦИЈА – Апликацијата „StopKorona!” е подготвена и нема допир со личните податоци. Секој што ќе ја симне апликацијата ќе му биде генериран сосема нов апликациски број (код) кој нема никаква врска со нас и нашиот датум на раѓање, мобилен телефон, матичен број.
ДОБРА ВЕСТ – Според податоците на Министерството за здравство, во Дебар денеска е шести ден како нема новодијагностицирани со Ковид-19.
ПРИПРЕМИ – „Во периодот што следи, следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, на кои од наша страна ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствените капацитети, рестораните како треба нивниот работен процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала, изјави министерот за здравство“, д-р Филипче.
АКРЕДИТАЦИИ – На предлог на Министерството за економија министрите на денешната 39-та владина седница ја разгледаа и донесоа Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба, која предвидува одложување на роковите за доставување на извештајот за реализираната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2019 година, како и извештајот за работата на Советот за 2019 година и извештајот на Одборот за надзор на материјално-финансиска контрола за 2019 година, за време на траење на вонредната состојба.
МВР – „Министерството за внатрешни работи со сите свои припадници е апсолутно подготвено да одговори на сите задачи за време на полицискиот час кој ни претстои викендов, изјави дополнителната министерка во министерството за внатрешни работи“, Славјанка Петровска.
„Засега сме во комуникација со Јавното обвинителство, за кривична пријава ќе одлучиме заедно, но потенцирам дека повикување или изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интерес на граѓаните е несоодветно, особено што ова не е битка само на Владата или на општеството, ова е битка на целиот свет. Мислам дека секое непочитување на мерките е непочитување на самите нас, и на сите околу нас. Се надевам дека поглаварот, како поглавар на една верска заедница ќе го преиспита својот став“, рече Петровска.
*
СЛОБОДНА ЗОНА
„Една манифестација се неодговорните лудаци, кои се „изнад ситуација“, не носат маски и ракавици, не држат дистанца, си идат по гости, не веруваат дека вирусот постои, или мислат дека е приказна за да се профура 5Г технологија, чипирање на луѓе, масовен транспорт на мигранти итн…“ – Миднајт експрес : „Како да го совладаме вирусот на лудилото со сите негови манифестации?“, Петрит Сарачини.
*
„Реџепи се закани со повик до верниците за непослушност, односно непридржување кон мерките против ширење на Ковид-19, доколку Владата не и помогне финансиски на Исламската Заедница, со што постави ултиматум. Дека ќе направел „Бангладеш“ со короната ако ги повика верниците. Ултиматумот, не е штетен по Владата, штетен е по верниците коишто планира да ги повика да се вратат во џамиите, по нивните семејства, и по уште многу други семејства. Во други земји, оваа закана би се сметала за терористичка.“ – Ефенди Ролекс Бангладеш!, Дијана Тахири.
Дијана Тахири во соработка со Биљана Јордановска