ЛИДЕРСТВО Во најновото издание на СКЕН -политички видео магазин зборуваме за лидерските средби одржани во вонредна состојба поради пандемијата од Ковид-19, а за одлучување датум за предвремени парламентарни избори. Изборите првично закажни за 12 април беа одложени поради корона вирусот.
РЕТРОСПЕКТИВА „… Владата има право за носење одлуки со законска тежина, без да се консултира Собранието, кое и така е распуштено. Значи, се работи за најстарата игра од кога е измислен светот и политиката, околу тоа кој, колку и со кои ограничувања или без ограничувања ќе има МОЌ во владеењето“, вели Сашо Орданоски во колумната „Кога политиката ќе ја сретне короната“, објавена на 18 март. Контекстот за нејзино потсетување е токму пандемијата наспроти неизвесноста со изборите.
ИЗБОРИ Зошто не е опасно да се гласа на 5 јули?, прашува Џабир Дерала во денешниот рафал.
ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР Интересно истражување на Критинк во кое се дава одговорот на прашањето: Кој прв почна да шири дезинформации за „5Г“?
ПАНДЕМИЈА Секој настан организиран според протоколите не претставува ризик за граѓаните, потенцираше министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Биљана Јордановска
Фоторафија: Томислав Георгиев