КАТЕРИНА СОКОЛОВА
Специјално за ЦивилМедиа од Кијив, Украина
Националниот универзитет „Тарас Шевченко“ во Кијив беше мојот втор дом од 2009 година кога дојдов од Луханск да студирам. Овде дипломирав и магистрирав, и ја одбранив докторската дисертација во 2021 година. Во 2016 година почнав да работам во Институтот за новинарство, еден од образовните и научните институти на нашиот универзитет.
Универзитетската заедница е многу силна. Тоа е она што ни помага да го надминеме теророт на Руската Федерација.
На 31 декември 2022 година, Украина повторно беше гранатирана од Русија. Кампусите на Националниот универзитет „Тарас Шевченко“ во Кијив повторно беа сериозно оштетени од руски проектил. Имавме среќа што проектилот беше погоден од вооружените сили на Украина уште на небото. Во спротивно, имаше ризик многу луѓе да загинат. Веднаш до руинираните кампуси се и студентските домови. Треба да бидеме благодарни што никој не е повреден. Штетата предизвикана од рускиот напад е огромна. На пример, спортскиот комплекс, во основа изграден од стакло, беше уништен.
Сега ни се потребни дополнителни средства за поправка на зградите. Универзитетската заедница работи без престан да исчисти сѐ, да помогне да се најдат привремени решенија и спонзори. Она што навистина е важно се човечките животи. Овој пат бевме благословени да ги спасиме.