• Latest

24 ЧАСА: 100 дена Влада – власта се фали, опозицијата критикува; Меџити оптимист дека уставните измени ќе се спроведат; Израел копнено влезе во Либан

October 1, 2024
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: 100 дена Влада – власта се фали, опозицијата критикува; Меџити оптимист дека уставните измени ќе се спроведат; Израел копнено влезе во Либан

October 1, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ: 100 ДЕНА ВЛАДА

100 ДЕНА ВЛАДА, Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки

-Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада. Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти.

Се грижиме, додаде, за сите, за најмладите, за нивното образование и за старите со првата половина од зголемување на пензиите и други нови проекти што ги планираме, рече премиерот Христијан Мицкоски при отчетот за првите 100 дена од работата на новата Влада.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференција посветена на првите 100 дена од работата на Владата истакна дека добивме Влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност.

„Влада која врши брутална партизација со некомпетентни кадри и секојдневни скандали на министрите. Одговорност за политичарите и функционерите нема, а вистината е заменета со постојана пропаганда“, рече Филипче.

Башким Селмани, универзитетскиот професор, во изјава за Фронтлајн вели дека првите 100 дена Влада донесоа само „солзи, тага, сиромаштија, интриги со соседите и достигнувањата на Албаците, омраза и несигурност“.

Акиф Кариман, лидер на политичката партија АВАЈА, во изјава за ЦивилМедиа оценува дека има лош старт со големи грешки во чекори на ромските претставници во владината коалиција, со чесни исклучоци. Ромските граѓани во овие 100 дена не може да насетат никакви подобрувања, без правец и без план. Во овие 100 дена нема никакви ефекти, освен нивните канцелариски фотели на број, слики и стари приказни (враќање во минатото 2 дел).

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Меџити оптимист дека уставните измени ќе се спроведат, законот за бранителите ќе остане блокиран

„Претходните влади многу зборуваа, но ништо не направија. Помалку зборуваме и мислам дека интензивно работиме на изнаоѓање решенија и придвижување на ова прашање. Убеден сум и секојдневно работиме во оваа насока“, рече Меџити.

РЕГИОН

Брнабиќ: Предлог-законот за литиум поднесен од пратениците од опозицијата е неуставен и штетен за Србија

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рударски и геолошки истражувања поднесен од 86 пратеници од опозицијата е „противуставен и штетен за Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

СВЕТ

Израел започна „ограничена“ копнена офанзива против Хезболах во јужен Либан

Израел започна нова фаза од војната против Хезболах додека израелските одбранбени сили тргнаа на копнен упад во јужен Либан, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на прес-службата на ИД.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за отчетот на Мицкоски за 100 ДЕНА ВЛАДА?

ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе дадат своја оценка.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Деновите кога немаше „набиена агенда“ да фрла лопати за изградба на некој општински тековен проект, ПР службите му организираа на пример средба со министерот за внатрешни работи во која разговараа за борба против криминалот и безбедноста на граѓаните. Таа пракса за „средба“ стана уште поатрактивна кога се споделуваа фотографии и соопштенија дека „министерот остварил средба со заменик министерот“.

Да се чудиш.

Но, уште позачудувачко е тоа што цела ПР служба се ангажира за да се направи видео најава за гостувањето на премиерот на некој „поткаст““, пишува Дехран Муратов во анализата „100 ДЕНА ВЛАДА: Од лопати и дестабилизација, до нарушена безбедност и – НЕ, благодарам!“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ